Мицкоски бара лидерска средба
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, бара од претседателот на државата, Стево Пендаровски, да свика нова лидерска средба за да се најде начин за излез од, како што вели Мицкоски за „360 степени“, кризната состојба во која се наоѓа државата.
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ: Злоупотреби и лажни вести
ВМРО-ДПМНЕ од почетокот на пандемијата со коронавирусот ја критикува Владата за злоупотреба на вонредната ситуација и за несоодветни мерки за справување со здравствената и економската криза предизвикана од пандемијата.