НАТО бара од Талибанците да се придружат на мировните преговори
Талибанците го отфрлија предлогот за прекин на огнот за време на муслиманскиот свет месец Рамазан кој го понуди авганистанската влада, наведувајќи дека таков потег не рационален во време на несогласувања за мировниот процес.
Понудата ја објави вчера авганистанскиот претседател Ашраф Гани во пресрет на почетокот на рамазанскиот месец и битката во земјата за справување со растечкиот број заболени од коронавирусот. Но, портпаролот на Талибанците рече дека тие ќе продолжат со борбите поради растечките несогласувања со власта за можниот мировен договор и поради одложувањето на размената на затвореници.
10-ина мртви во судири на авганистанските сили и талибанците
НАТО, пак, соопшти дека сегашното ниво на насилствата предизвикани од Талибанците е неприфатливо и побара од милитантната група да се придружи во мировните разговори и да го забрза ослободувањето на затворениците.
Според договорот потпишан меѓу Соединетите Американски Држави и Талибанците на 29 февруари авганистанската влада треба да ослободи 5000 талибански затвореници како мерка за градење доверба во пресрет на формалните мировни договори кои треба да донесат мир во Авганистан по 18 години конфликт. Владата досега ослободи 550 талибански милитанти, а милитантите ослободија 60 припадници на авганистанските безбедносни сили.
Прекинати разговорите за ослободување на затвореници во Авганистан