Групата 20 ќе бара начини за поддршка на туризмот
Министрите на земјите членки на Групата 20 (Г20) богати економии на денешниот состанок се согласија да најдат начини за поддршка на туризмот со кои ќе му помогнат економски да се подигне по падот предизвикан од пандемијата на коронавирусот, јавува агенцијата Ројтерс.
Во соопштението на работната група за поддршка на туризмот во рамки на Г20 се наведува дека тие треба да пронајдат начини за стимулација на секторот пред седми октомври 2020 година.