ТВСЛО: Корупциски скандал во владата на Јанша
Словенечката државна телевизија ТВСЛО објави документи, преписки и снимени телефонски разговори во кои, според медиумот, се слуша гласот на министерот за економија Здравко Почивалшек, како договара која фирма и како треба да го добие тендерот за набавка на заштитна и медицинска опрема, јави МИА од Љубљана. Во прилогот на ТВСЛО, која презентираше докази, се тврди дека набавката на опремата била без тендер односно со непосредна спогодба, а министерот и неговите најблиски соработниците избирале кој ќе го добие тендерот.
Според телевизијата со непосредна спогодба и интервенција на функционери од Владата на Јанез Јанша, договорено е 220 респиратори да бидат набавени од фирмата „Генепланет”, за кој државата платила 100 отсто аванс во вредност од осум милиони евра, што е за 3,5 пати поскапо од редовната пазарна цена за истите медицински помагала, пренесе МИА.
Словенија ќе укинува дел од анти-корона мерките
ЕП за мешањето на Унгарија во медиуми во Македонија и Словенија
Според овие информации, и покрај тоа што опремата била сто отсто платена, државата не добила ни половина од нарачката. Од истата фирма, според доказите на Телевизија Словенија, се набавени и заштитни маски за словенечките доктори, а во договарањето на зделката директно бил замешан и директорот на полицијата. Медиумите во Словенија информираат дека во сопственичката структура на фирмата „Генепланет” имало роднини на блиските соработници на Јанша, пренесе МИА.
Инаку, за министерот за економија Почивалшек уште вчера беше најавена интерпелација.