Трамп и нареди на морнарицата да уништува ирански воени бродови
Американскиот претседател Доналд Трамп и нареди на воената морнарица да ги уништи сите ирански патролни бродови кои им пречат и им се мешаат на американските.
„И наредив на морнарицата на САД да ги уништи и уништи сите ирански патролни бродови, ако тие ги вознемируваат нашите бродови на море“, објави Трамп денес на Твитер.
Минатата недела се појави видео од американски воени бродови кон кои се приближуваат мали ирански бродови во близина на брегот на Кувајт. Револуционерната гарда потврди дека наишле на американски бродови во Персискиот Залив, но не наведоа дали имало инциденти.
Трамп во својот пост не наведува детали за неговата наредба, а Белата куќа официјално засега нема коментар. Твитот на американскиот претседател беше објавен откако Иранската револуционерна гарда утрово објави дека првиот ирански воен сателит е лансиран во орбитата на Земјата.