Тачи: неделава активности за формирање нова косовска влада
Претседателот на Косово Хашим Тачи најави дека оваа недела ќе ги преземе дејствијата, согласно неговите уставни овластувања, за формирање нова влада на Косово, со оглед дека сегашната влада е во оставка, откако на 25 март ѝ беше изгласана недоверба од Собранието. Тачи на Твитер соопшти дека на земјата ѝ е потребна влада со целосен легитимитет од собранието, која ќе му служи на народот и ќе биде способна да се соочи со кризата предизвикана од епидемијата на Ковид-19.
Мустафа би прифатил мандат за формирање нова влада на Косово
Тој порача дека е потребно да се зајакне поддршката од САД и Европската унија за Косово, а за таа цел треба да се укине таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина, како и реципроцитетот што го воведува владата во оставка на Албин Курти кон Белград. Курти ги одбива барањата на претседателот, тврдејќи дека нова влада во ваква ситуација, според неговото толкување на Уставот, може да се формира единствено по нови избори, кои би се одржале откако ќе помине епидемијата на Ковид-19.