Кинеска помош на пат кон С. Македонија, соопшти Османи
Вицепремиерот Бујар Османи, кој е задолжн и за координација на странската помош за Северна Македонија во вонреднава состојба, соопшти дека кинеска помош за Македонија денеска е испратена од Шангај.
„Донација од Народна Република Кина со над 5000 тестови за Ковид-19 и лична заштитна опрема, маски и скафандери тргна денес од Шангај за Истанбул. Се организираме за пренесување до Скопје.Благодарам на НР Кина. Благодарам на вработените во Секретаријатот за европски прашања кои неуморно работат на обезбедување на донациите“, напиша Османи на неговиот официјален профил на фејсбук.
30.000 евра од кинеската амбасада за Министерството за здравство
Кинеската амбасада во Скопје пред неколку дена донираше 30 илјади евра помош за здравствените институции.