Заев негативен и на вториот тест за коронавирус
Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска на Фејсбук објави дека е негативен и на вториот тест за коронавирус што му бил направен согласно здравствените протоколи.
„Денеска согласно здравствените протоколи ми беше направен и втор тест за присуство на коронавирусот, кој како и првиот тест е негативен“, напиша Заев.
Тој упати поддршка за брзо оздравување на градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски и до сите граѓани кои се справуваат со вирусот, но уптаи и недеж дека премиерот Оливер Спасовски и министрите ќе имаат негативни тестови.
Заев како и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се во самоизолација, откако имаа контакт со новинар позитивен на Ковид-19. Мицкоски по првиот тест објави дека е негативен.
Во самоизолација од денеска се и премиерот Оливер Спасовски, министерот за здравство венко Филипче и вицепремиерот Бујар Османи, откако влера беа на средба во Куманово со градоначалникот Димитриевски.
Поради тоа тие денеска не присуствуваа ниту на седницата на Советот за безбедност на која претседателот Стево Пендаровски донесе одлука за продололжување на вонредната состојба за дополнителни 30 дена, со цел спречување на ширењето на коронавирусот.
Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид -19 во земјава во моментов изнесува 1.081 лице од направени вкупно 10.422 тестирања на Ковид – 19. Излечени се 98 лица, додека досега починати се 45 луѓе.