Вонредната состојба - успешни мерки или и промашувања
Македонскиот советот за безбедност денеска ќе решава за продолжување на вонредната состојба во државата.Претходно Владата соопшти дека донесла одлука да му достави предлог на Претседателот Стево Пендаровски во кој се оценува дека за успешно справување со коронавирусот потребно е продолжување на вонредната состојба во државата. На 18 март беше прогласена вонредна состојба на територија на цела држава во траење од 30 дена.