Ковид-19 во светот: Заразени 2.088.636, починати 134.754, оздравеле 515.937
Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени вкупно 2.088.636 лица. Од нив починати се 134.754, а оздравеле 515.937 луѓе.
Најмногу заразени има во САД – 644.089, каде има и најголем број смртни случаи – 28.529. Во Европа најмногу заразени има во Шпанија – 180.659, а најмногу починати во Италија – 21.645. Потоа следуваат Франција, Германија и Велика Британија. Од азиските земји, најмногу болни има во Кина – 82.341 каде болеста првпат се појави, а потоа во Јужна Кореја и Јапонија. Кина пријави 46 новозаразени од кои 34 се внесени од странство. Во земјата нема нови смртни случаи. Три од локалните случаи се во Пекинг, каде е воведен стриктен карантин и мерки за социјално дистанцирање.
Видео состанок на лидерите на Г7 за коронавирусот
Од земјите во регионот најтешка е состојбата во Романија каде се заразени 7.216 лица, а починале 372. Во Србија се болни 4.873 лица, а починале 99. Вкупниот број на заразени на Косово се зголеми на 423.
Црногорското национално координативно тело ги продолжи до 30 април мерките воведени со цел спречување на ширењето на новиот коронавирус. Во Црна Гора е воведен полициски час – од понеделник до петок од 19 часот до пет часот наредниот ден, во сабота од 13 до пет часот наредниот ден, а во недела од 11 до пет часот наредниот ден.