Продолжен рокот за плаќање закупнина за државно земјоделско земјиште
Владата донесе уредба за продолжување на рокот за плаќање за државна закупнина за државно земјоделско земјиште за 2019 до 12 ноември 2020 година, односно рокот е продолжен за три ипол месеци. До истиот рок нема да се врши еднострано раскинување на договорите за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост заради неплатената државна закупнина, информираше денеска министерот за земјоделство, Трајан Димковски.
„Целта е да им се овозможи на земјоделците прво да обезбедат приходи од продажбата па потоа да платата закупнина за државното земјоделско земјиште“, рече Димковски на денешната прес-конференција.
Како ковид-19 ќе влијае врз глобалното производство на храна?
Тој посочи дека се ставаат во мирување и роковите за сите јавни повици, за поднесување на проекти и за реализација на инестициите на националните програми и од програмата ИПАРД 2, како дел од мерките кои ги презема Владата со цел да се ублажат последиците од пандемијата врз земјоделството и руралниот развој.
„Поради пандемијата годинава извозот на јагнињата се одвива со намален интензитет. За да се покријат загубите на одгледувачите на овци вкупната финансиска поддршка за женско јагне ја зголемуваме на 2.500 денари по грло“, рече Димковски.