Чулев - За друштвен народ ригорозни анти-корона мерки
Мерки против коронавирусот се преземаа пред сè поради менталитетот на луѓето што живеат во нашата држава и коишто се многу друштвени. Имаме многу интензивни социјални контакти и луѓето тешко се откажуваат од нормалниот начин на живеење, така што и мерките на Владата се во таа насока, вели во неделното интервју на Радио Слободна Европа, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. Тој зборува и за заштитата на полицијата од вирусот и за неговата комуникација со останатиот дел од Владата.