Коронавирусот ги ограничи велигденските прослави
Прославите на велигденската недела се одржуваат ширум светот со милијарди луѓе заглавени од блокадите поради коронавирусот, со што традиционалните церемонии се отакажани и нормално преполнетите цркви сега се празни.
Прапата Фанциск ја откажа својата традиционална неделна велигденска миса на плоштадот Свети Петар – настан кој вообичаено го исполнува форумот во Ватикан со капацитет од 80.000 верници.
Наместо тоа, поглаварот на Римокатоличката црква својата велигденска порака ќе ја пренесе преку видео од изолација во неговата приватна библиотека во Ватикан.
Властите повикаа верниците во многу земји да ги користат видео сервисите за нивните велигденски прослави, предупредувајќи дека вирусот најверојатно ќе го шират оние кои ги кршат правилата за ограничување и социјално дистанцирање за да присуствуваат на преполни јавни верски собири.
За време на викендот, САД стана земја која е најлошо погодена од коронавирусот, како во однос на регистрирани случаи, така и во однос на смртни случаи.
Рано на 12 април, глобалната база на податоци на Универзитетот Џонс Хопкинс објави повеќе од 20.600 смртни случаи во САД со повеќе од 529.000 потврдени случаи на Ковид-19.
Бројката на смртни случаи на глобално ниво рано денеска надмина 108.000, додека бројот на инфекции пријавени од владите ширум светот достигна 1,77 милиони, покажува базата на Универзитетот Џонс Хопкинс.