Самитот ЕУ - Западен Балкан одложен поради пандемијата
Хрватското претседателство на Советот на ЕУ одлучи да ги одложи сите неформални состаноци и конференции до 15 мај, меќу кои и Самитот ЕУ-Западен Балкан, за да се ограничи ширењето на пандемијата Ковид-19. Самитот ЕУ-Западен Балкан беше предвиден да се одржи во Загреб на 7 мај.
Според соопштението објавено на веб-страната на Претседателството, во договор со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел ќе се обиде да се најде нов термин за одржување на Самитот ЕУ-Западен Балкан во јуни, доколку ситуацијата со корона кризата тоа го дозволи.
Преговорите со ЕУ на дофат, но најпрвин да се победи коронавирусот
„Алтернативно, во неможност да се одржи физички состанок, ќе се предложи состанокот да се одржи со помош на видео врска (до крајот на хрватското претседателство)”, се вели во соопштението.