Починати 5 пациенти и 29 новозаразени со коронавирус во Македонија
Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни во Скопје починале 4 пациенти заболени од коронавирус: пациент од Куманово (52), пациентка од Лабуништа-Струга (65), пациентка од тетовски Челопек (62) и една пациентка од Штип (81), како и дека во Куманово, во неговиот дом, починал уште еден пациент позитивен на коронавирусот, на возраст од 53 години.
Во изминатите 24 часа, регистрирани се 29 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје – 15, Куманово -7, Прилеп – 1, Струга 3 и Кочани – 3. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 599 лица.
Видео - Во потрага по терапија против коронавирусот
Какви маски штитат од коронавирусот?
Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во:
Скопје – 254
Куманово - 128
Дебар – 49
Штип-20
Прилеп –34
Тетово – 29
Струга – 28
Велес – 10
Битола –6
Охрид –3
Кавадарци – 2
Гостивар – 4
Гевглелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка- 3
Радовиш -4
Крушево – 2
Кочани – 17
Во изминатото деноноќие направени се 386 теста. Од нив преку ИЈЗ- 229, преку Ветеринарен факултет –8, Авицена –22 , Биотек – 22 и Клиника Жан Митрев –105 . Досега во земјата се направени 5.879 тестирања на Ковид-19.