Грчкиот бегалски камп Рицона под карантин, 20 мигранти со коронавирус
Бегалскиот камп „Рицона“ во близина на грчкиот остров Евиа од денеска е во 14-дневен карантин, откако беше потврдено дека 20 лица се заразени со Ковид-19, по проверката на контактите на родилката позитивна на коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.
Велигден во Грција зад затворени врати
Од Министерството за миграција и азил на Грција, утрово соопштија дека по наредба на надлежниот министер Нотис Митаракис, а во соработка со заменик-министерот за цивилна заштита и претседателот на Националната здравствена организација, бегалскиот камп во Рицона е во карантин во следните 14 дена.