Ќе биде ли кризата поголема и од Олимпијадата?
Епидемијата на новиот коронавирус откажа многу спортски настани во светот, но и натаму е неизвесно одржувањето на најголемиот оваа година - Олимписките игри во Токио 2020. Таква одлука е тешко да се донесе и покрај зголемениот притисок за нивно одложување. Суспендирањето на националните лиги веќе предизвика сериозни консеквенци за спортските клубови, кои се надеваат дека е можно првенствата да ги завршат до крајот на јуни.