Шест новозаболени од коронавирус, се заоструваат мерките на Владата
Министерот за здравство Венко Филипче вечерва соопшти дека уште шест лица се заразени од коронавирусот со што бројот на заболени се искачи на 18. Петмина од нив се од Дебар и поради лесната клиничка слика тие ќе останат да се лекуваат во болницата во Дебар. Едната пациентка е жена која синоќа се вратила од Барселона, а за 51 патник кои патувале со неа во авионот е дадено решение за домашна самоизолација. Министерот соопшти дека поради новонастанатата ситуација се воведуваат нови мерки за спречување на ширењето на вирусот. Читать дальше...