123ru.net
World News in Macedonian
Март
2020

Новости за 31.03.2020

Советот за безбедност - неизвесност околу траењето на кризата со коронавирусот

SlobodnaEvropa.mk 

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски денеска беше одржана четврата седница на Советот за безбедност, посветена на вонредната состојба поради кризата со коронавирусот. Прендаровски по завршувањето на состанокот изјави дека Советот заклучил дека ситуацијата останува сложена и дека сите сценарија за идниот развој на настаните се оптоварени главно од неизвесноста за траењето на пандемијата. Едногласно било заклучено дека досега државата е адекватно поставена и оти има ефективна соработка меѓу надлежните служби. Читать дальше...

Филипче: 54 лица се лекуваат на Инфективна, четворица во критична состојба

SlobodnaEvropa.mk 

Двајца мажи заболени од КОВИД-19 денеска починаа на Клиниката за инфективни болести, со што бројката на смртни случаи од коронавирусот во земјава се искачи на девет лица, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција во владата. Во изминатите 24 часа потврдени се 44 нови случаи на коронавирус, со што вкупната бројка сега е 329 заболени лица. Едниот од починатите е на 45-годишна возраст, жител на Куманово, кој епидемиолошки се поврзува со член на семејствто, а имал хронични заболувања како дијабет... Читать дальше...

Коронавирусот и што претставува близок контакт со заразено лице?

SlobodnaEvropa.mk 

Италијанското Министерство за здравство со насоки до граѓаните како да се заштитат од добивање на зараза со Коронавирусот преку објаснување на начините на кои тој се пренесува. Од таму наведуваат дека и понатаму се вршат научни истражувања за подобро разбирање на вирусот и неговата преносливост.



Руската дума го отвори патот за прогласување вонредна состојба

SlobodnaEvropa.mk 

Руските пратеници го дадоа првичното одобрение за легислативата која ќе му овозможи на премиерот Михаил Мишустин да прогласи вонредна состојба, откако земјата забележа рекорден раст од 27 проценти на потврдени паценти заболени од коронавирусот, што досега е најголемо зголемување во еден ден. Предлог-законот кој денеска го одобри Долниот дом на Парламентот, Државната дума, дозволува Владата да прогласи вонредна состојба низ земјата и да воспостави задолжителни правила на однесување за време на вонредната состојба. Читать дальше...

ЕУ: Мерките за кризата да не бидат товар врз демократијата

SlobodnaEvropa.mk 

Во строго прикриено предупредување до десничарскиот унгарски премиер Виктор Орбан, извршната влас на Европската унија денеска соопшти дека мерките за итни случаи усвоени од земјите членки во борбата против кризата со коронавирусот, можат да ја поткопаат демократијата. „Од најголемо значање е мерките за итни случаи да не бидат на товар врз нашите основни принципи и вредности...Демократијата не може да функционира без слободни и независни медиуми“, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Читать дальше...

Во Србија за 24 часа седум нови жртви на Ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

Директорот на Клиниката за инфективни и тропски болести во Белград, д-р Горан Стевановиќ, соопшти дека во последните 24 часа забележани се нови седум смртни случаи од корона вирус, а дека има нови 115 новозаразени, пренесоа српските медиуми. Со ова, бројот на заразени во Србија се искачи на 900. Д-р Стевановиќ изјави дека овој ден е најтешкиот за Србија откако почнала пандемијата.

Субвениции за фирмите, помош за работниците, функционерите на минималец

SlobodnaEvropa.mk 

Владата излезе со сет мерки за надминување на економската криза од коронавирусот, меѓу кои минимална плата за функционери, плати за оние кои изгубиле работа, поволности за фирмите. Економистите оценуваат дека се доцни со мерките.

Две нови жртви и 44 новозаразени со коронавирус во Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за здравство информираше дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Ковид-19 починале двајца мажи, едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од 78 години од Дебар. Починатиот од Куманово имал дијабет, атријална фибрилација, хипертензија и обезност, додека починатиот од Дебар имал ХОБ (Хронично обструктивен бронхит) и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања. Во изминатите 24 часа направени се 392 тестирања, а потврдени 44 нови случаи на коронавирус во земјата. Читать дальше...



Јовановски: Економски придобивки од членството во НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

„Влезот во НАТО отвора значајни перспективи на економски план. Во моментов сите сме преокупирани со коронавирус кризата, но таа во еден момент ќе помине и тогаш ќе почнат да се материјализираат придобивките и за македонската економија“, вели во видео-изјавата главниот советник на Управниот одбор на Стопанската комора, Зоран Јовановски, посочувајќи ги пред се инвестициите. Според него, за земја како нашата, членството во НАТО ќе овозможи да се зацврсти перцепцијата за македонската економија како... Читать дальше...

Туркменистан го забрани зборот коронавирус

SlobodnaEvropa.mk 

Властите во Туркменистан ја забранија употребата на зборот „коронавирус“ и го исклучија од секојдневниот говор, со цел да ги скријат информациите за пандемијата, соопшти невладината организација Репортери без граници. Според Репортери без граници на сите медиуми им се забрането да го употребуваат зборот „коронавирус“, а исто така терминот е исфрлен од сите официјални брошури, што Министерството за здравство на Туркменистан ги подели во училиштата, болниците и другите државни институции. За граѓаните... Читать дальше...

Кинеска донација за македонските полицајци во борбата со Ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

Кинеската амбасадата во Скопје денеска донираше медицинско-хигиенски материјали наменети за заштита на полициските службеници, кои заедно со здравствените работници се на првата линија во борбата со коронавирусот, соопшти МВР. Министерот Наќе Чулев денеска изрази благодарност, до како што рече, кинеските пријатели за хуманата донација, изразувајќи надеж дека и во периодот што претстои ќе можеме да се потпреме едни на други во насока на глобално надминување на оваа пандемија.

Случај „Транспортер“ - 8 години затвор за Владимир Талески

SlobodnaEvropa.mk 

Основниот кривичен суд Скопје денеска изрече првостепена пресуда за случајот „Транспортер“, кој се водеше против поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, и уште 20 лица. Талески првостепено е осуден на 8 години затвор. Другите 20 обвинети со денешната пресуда се прогласени за виновни. Меѓу нив се раководител на сектор во Оштина Битола во времето на мандатот на Талевски, поранешни директори на училишта и управители на фирми. Дел од нив добија затворски казни, дел условни. Гордиевиот... Читать дальше...

Црна Гора го ограничува движењето поради Ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

Црногорските власти воведоа забрана за движење како една од мерките за спречување на ширењето на коронавирусот. Граѓаните нема да можат да ги напуштат своите домови во работните денови од 19 до 5 часот наутро, а за време на викендите од 13 часот до понеделник наутро, соопшти Владата на Црна Гора, на својот официјален Твитер налог. Итна помош од ЕУ за Западен Балкан поради Ковид-19, за С. Македонија 66 милиони евра Забраната ќе важи две недели и не се однесува на лица кои работат во јавни служби и обезбедуваат услуги од јавен интерес.

Мажите во аптека во сабота, жените во петок - Панама со карантински мерки според пол

SlobodnaEvropa.mk 

Панама најави строги карантински мерки со кои, во обид да се забави ширењето на коронавирусот, ќе се одвојат граѓаните според пол, објави „Ројтерс“. Од утре, на мажите и жените ќе им биде дозволено да ги напуштат своите домови на два часа, еден по еден, но во различни денови. Досега, карантинот не се применуваше врз основа на пол, но според одлуката што утре стапува на сила, мажите ќе можат да одат во продавница или аптека во вторник, четврток и сабота, а жените во понеделник, среда и петок. Никој... Читать дальше...

Коронавирусот уште една можност за Русија и Кина да шират дезинформации

SlobodnaEvropa.mk 

Како што коронавирусот се шири низ светот така тој е проследен со заслепувачка лавина на пропаганда на социјалните мрежи, пред се од Русија. Како и секогаш кога станува збор за нејзините односи со Западот, главната валута на Москва е дезинформацијата и таа ја троши изобилно.

Критики и фалби за далечинското образование на државните училишта

SlobodnaEvropa.mk 

Додека приватните училишта и универзитети веќе некое време држат предавања преку видео конференции, државните образовни институции се обидуваат да се адаптираат на новите платформи за едукација. Класичната онлајн настава најверојано нема да биде опција до крајот на учебната година.

Пјонгјанг се заканува со прекин на преговорите со САД

SlobodnaEvropa.mk 

Пјонгјанг се закани дека ќе стави крај на дијалогот со САД, откако шефот на американската дипломатија, Мајк Помпео, изјави дека едвај чека разговорите со Северна Кореја повторно да почнат, пренесе АП. „Слушајќи ги комичните изјави на Мајк Помпео, ни дојде до тоа да ја отфрлиме секоја надеж за обновување на дијалогот. Ќе направиме сопствен пат“, рече севернокорејски претставник задолжен за преговорите за државната новинска агенција КЦНА. Јужна Кореја со критики до Северна Кореја за лансирањето... Читать дальше...

Нови владини анти-корона мерки за лицата со попреченост кои одат со придружба

SlobodnaEvropa.mk 

Сите државни органи и институции се задолжуваат, на единиците на локална самоуправа им се укажува, а на приватниот сектор му се препорачува вработените лица во овие институции и фирми кои на работа одат со придружба – потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со умерена и тешка интелектуална попреченост, да бидат ослободени од одење на работа и извршување на работни активности, соопшти Министерството за труд и социјална политика, по заклучокот на Владата за овие мерки.... Читать дальше...

Филипче: Рано е за заклучоци, но линеарниот раст на заболени охрабрува

SlobodnaEvropa.mk 

Иако е сѐ уште рано било што да заклучуваме, линеарниот раст на заболени во последните 15 дена охрабрува, оти бројот на заболени е приближно еднаков секој ден, објави министерот за здравство Венко Филипче на својот официјален фејсбук профил. „Ова беше нашата цел од самиот почеток, со ваков тренд нашиот здравствен систем ќе може да ги опслужи граѓаните и добро да се справи со коронавирусот“, смета Филипче. Интерактивна мапа со заболени од КОВИД 19 Според министерот, пикот на епидемијата допрва доаѓа и сега... Читать дальше...


Музыкальные новости
Фрэнк Синатра

Variety: актер Леонардо Ди Каприо сыграет Фрэнка Синатру в байопике Скорсезе





Персональные новости
РЭС

Новосибирские энергетики поделились опытом цифровой трансформации





Функционери на ДУИ добија по 3 и пол години за „Титаник 3“

SlobodnaEvropa.mk 

Три години и шест месеци затворска казна добија функционерите од ДУИ Ејуп Аљими и Исмет Гури, кои беа обвинети во предметот на сега поранешното специјално обвинителство „Титаник 3 “. Тие беа обвинети за изборни измами дека како членови на Општинска изборна комисија во Чаир за време на локалните избори во 2013 години, уништувале изборен материјал. Судската постапка за овој предмет додека два пати беше вратена од почеток. Откако судијката Оља Ристова во март минатата година сама побара да биде изземена од предметот... Читать дальше...

Столтенберг: НАТО ги поддржува здравствените власти против корона кризата

SlobodnaEvropa.mk 

Ние очекуваме реформи и модернизација на институциите во безбедносниот сектор и вооружените сили да продолжат и апсолутно сум убеден дека тоа ќе се случи, бидејќи тоа е добро за Северна Македонија и е добро за сите нас, изјави за РСЕ Генералниот секратар на НАТО Јенс Столтенберг.

Бугарија обвини проруски политичар за лажни вести за коронавирусот

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на проруската Партија за преродба во Бугарија Костадин Костадинов е обвинет во Софија за ширење лажни информации за коронавирусот кои можат да предизвикаа паника. Костадинов потврди за „Радио Слободна Европа“ дека е обвинет. Обвинителите велат дека осомничениот погрешни ширел погрешни информации дека Бугарија нема доволно медицински ресурси за да ги задоволи потребите на хоспитализираните пациенти. Бугарските пратеници го одобрија ветото на Радев Костадинов и неговата партија за преродба... Читать дальше...

Трамп: САД имаат нов брз тест за коронавирус, резултат за 5 минути

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа на новинарите во Белата куќа им претстави нов брз тест на новинарите, кој треба да може да потврди позитивен резултат на вирусот на корона за само пет минути. Постарите тестови, развиени во лаборатории, можат да дадат резултати за четири до осум часа. Трамп ја продолжи препораката за останување дома за 30 дена Здравствените експерти велат дека во САД треба да бидат тестирани од 100.000 до 150.000 луѓе дневно за да се следи и да се спречи ширењето на коронавирусот. Читать дальше...

Импактот од демографските промени во ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска ќе се одржи седница на Европскиот парламент. Предвидено е на седницата да биде претставен извештајот за “Импактот од демографските промени”.   ЕУ со поддршка и конкретна помош за Грција за справување со мигрантите Документот ќе го претстави потпретседателката на Европската комисија Дубравка Шуица.

Вучиќ го претставува економскиот пакет

SlobodnaEvropa.mk 

Српскиот претседател Александар Вучиќ, како што пишува весникот Данас, денеска треба да ги претстави економските мерки за ублажување на последиците по стопанството од пандемијата со коронавирус. Вучиќ: во Србија е можен и 24 часовен полициски час Тој деновиве најави дека пакетот ќе биде во вредност од околу пет милијарди евра. Како што рече, државата за сите вработени во претпријатијата, мали и микро ќе им плаќа минимална плата во наредните три месеци, без оглед дали работеле.

Спорт в России и мире
Москва

В Гостином дворе прошел форум «Мы вместе. Спорт»


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
WTA

Андреева победила Подороску на старте турнира WTA в Руане


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Шашлыки и дача отменяются: аномальная погода на майские праздники в Москве, Питере и регионах





Путин в России и мире
Москва

Первый пуск «Ангары-А5М» с Восточного запланирован в 2027 году


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Очередные кадровые назначения объявлены в Минске




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Владимир Зеленский подтвердил ракетный удар по аэродрому в Джанкое


Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Юрий Лоза

Лоза счёл полупустой зал на концерте Серова в Угличе знаком



Москва

Девятиклассникам Краснознаменска рассказали о поступлении в техникум

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net