Думата поддржа нов можен мандат на Путин
Долниот дом на рускиот парламент, Државната Дума, го одобри третото и последно читање на нацрт-законот, кој содржи уставни измени, кои ќе му овозможат на претседателот Владимир Путин да се кандидира за петтиот претседателски мандат во 2024 година. Вкупно 383 пратеници гласаа за нацрт-законот на 11 март, со 43 воздржани и без гласови против. Ова ја зголемува можноста тој да остане на власт до 2036 година, ако победи во 2024 година, а потоа повторно биде избран за шест години. Уставните измени мора да бидат одобрени од Уставниот суд, а за 22 април е закажан и референдум за ова прашање.