Бројот на загинати во нападот во Кабул порасна на 27 лица, 29 повредени
Бројот на загинати при денешниот вооружен напад на церемонија во Кабул се искачи на 27 лица, соопшти министерството за здравство.
"Брзата помош пренесе 27 тела на починати, а 29 повредени беа пренесени во болница“, рече портпаролот на министерството за здравство Вахидула Мајар за агенцијата Ројтерс додавајќи дека бројот на загинати може да расте.
Вооружени лица денеска пукаа на церемонијата во главниот авганистански град Кабул на која присуствуваа високи политички лидери, меѓу кои и извршниот директор на Авганистан Абдула Абдула, кој не е повреден.