Трамп одобри 8,3 милијарди долари за борба против коронавирусот
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска потпиша легислатива за издвојување итни средства од 8,3 милијарди долари за справување со коронавирусот, вклучувајќи и пари за развивање вакцина.
Мерката за финансирање вклучува повеќе од 3 милијарди американски долари за истражување и развој на вакцини, тестови и третман, 2,2 милијарди американски долари за јавна здравствена помош и превенција, подготвеност и справување со вирусот и 1,2 милијарди американски долари за меѓународни напори за борба против коронавирусот.
Коронавирусот, кој за прв пат беше идентификуван во кинескиот град Вухан на крајот на декември минатата година и кој предизвикува болест идентификувана од Светската здравствена организација како КОВИД-19, досега заразил 200 луѓе во САд. Од нив 12 починале.
Коронавирусот се шири низ Европа, стигна и на Балканот
Претседавачот со сенатската комисија за распределба на трошоците, Ричард Шелби рече дека во вакви ситуации, не треба да се штеди на заштита на американскиот народ и дека легислативата го покажува токму тоа.