Косово ќе ја повлече амбасадорката во САД
Министерот за надворешни работи на Косово Глаук Коњуфца објави дека, согласно со неговите уставни и законски надлежности, побарал повлекување на петмина амбасадори и двајца генерални конзули на Косово, меѓу кои и амбасадорката во Вашингтон Вљора Читaку, јави МИА од Приштина.
Во објава на својата страница на Фејсбук Коњуфца, кој стапи на должност со изборот на новата косовска Влада, на 3 февруари годинава, вели дека станува збор за „политички амбасадори“, на кои им е истечен мандатот.
Медиумите известуваат дека сите разрешени дипломатски претставници се кадри на партиите од претходната владејачка коалиција.