Владата на Мицотакис доби поддршка од грчкиот парламент
Со 158 гласа „за“ и 142 „против“ Владата на Кирјакос Мицотакис доби доверба од грчкиот Парламент на крајот од тридневната расправа што почна во саботата попладне, а заврши синоќа пред полноќ.
Гласаа сите 300 пратеници, а Владата доби поддршка само од пратениците од Нова демократија. Расправата траеше 31 час, збор зедоа 155 говорници од кои 33 министри, 108 пратеници, како и лидерите на политичките партии.
Непосредно пред гласањето, обраќање имаше грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис кој објави и низа мерки за погодените и семејствата на жртвите од ланските пожари во Мати.