Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Июль
2019

Новости за 22.07.2019

Заев: Не може да ми се „накалеми“ идеолошката машинерија на Груевски

SlobodnaEvropa.mk 

По бурните реакции во јавноста од интервјуто на премиерот Зоран Заев за грчката телевизија Алфа, тој на својот Фејсбук профил напиша во интервјуто бил прашан за минатите штетни политики на национализам и антиквизација и дека одговорил  оти поранешната власт преку обидот за антиквизација успеа да ја скара земјава со сите соседи и цела деценија да ја држат во изолација. „Не може мене да ми се накалемува нешто што не јас, туку Груевски и неговата идеолошка машинерија го правеа 10-11 години. Не присвојуваа Македонците туѓа историја... Читать дальше...

Брнс: Ќе продолжиме да го поттикнуваме премиерот Заев да бара одговорност

SlobodnaEvropa.mk 

Американската амбасадорка во Скопје Кејт Мари Брнс во првото телевизиско интервју по нејзиното преземање на функцијата, вели дека ги следи актуелните случувања во земјава поврзани со аферата „Рекет“. Таа вели дека во сите случаи каде што постојат тврдења за корупција и за злоупотреба на функцијата,САД подржува темелна, брза и транспарентна истрага. Таа во интервју за Алсат ТВ, вели дека исклучително е важно во случај со тврдења за можна корупција, тие поединци да бидат повикани на одговарост, а Владата да презема дејствија. Читать дальше...

Наследникот на Меј в среда ќе седне на премиерското столче

SlobodnaEvropa.mk 

Членовите на владејачката британска Конзервативна партија  денеска завршија со гласањето за новиот лидер на партијата и владата, а кој е побеникот во трката помеѓу поранешниот и сегашниот шеф на дипломатијата, Борис Џонсон и Џереми Хант ќе се знае утре. За фаворит во тркава се декларира Џонсон, кој претходно бил градоначалник на Лондон, додека критичарите го осудуват неговото ветување дека ќе ја извади Велика Британија од Европската Унија со или без договор. Неколку членови на владата на Тереза Меј... Читать дальше...



Цивили жртви на воздушен напад во Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку седуммина цивили се убиени при последниот воздушен напад на заедничките воени американски и авганистански сили во источниот дел на Авганистан. Инцидентот се случил за време на воената операција во областа Бараки Барак. Со нападот биле таргетирани талибански милитанти, но погодиле две станбени куќи. Надлежните соопштија дека меѓу загинатите има жени и деца и шестмина ранети.

Трамп ги демантира иранските тврдења за приведени агенти на ЦИА

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Доналд Трамп жестоко ги отфрла тврдењата на Техеран дека иранските безбедносни служби привеле 17 осомничени кои ги осудиле на смртна казна а ги поврзуваат со ЦИА. Тој на својот Твитер профил напиша дека иранскиот извештај за приведувањето на агенти на ЦИА е неточно. Нулта вистина, само лаги и пропаганда од религиозниот режим кој што нема идеја што да прави, напиша Трамп. Претходно иранското министерство за разузнавање соопшти дека иранските безбедносни служби „ успешно ја уништиле шпионска мрежа на ЦИА“. Читать дальше...

За уметност и креативност никогаш не е доцна

SlobodnaEvropa.mk 

Кумановката Живка Величковска по завршувањето на работниот век се посветила на изработка на ракотворби. Изработува украси, мебел, работи со декупаж, украсува торти.

Москва демантира учество на руски авиони во напад врз Сирија

SlobodnaEvropa.mk 

Руското министерство за одбрана ги демантира информациите дека руските авиони извршиле воени напади при што загинале најмалку 23 цивили на пазарот во сирискиот град Марат ал Нуман кој е под контрола на бунтовниците. Сириските опозициски активисти велат дека воени авиони руски или сириски извршиле ваков напад врз пазарот во јужниот дел на провинцијата Идлиб. Москва тврди дека станува збор за „лажни вести“. „Руските воздухопловни сили не извршија никакви мисии во сирискиот регион “ се вели во соопштението на руското министерството за одбрана. Читать дальше...

ЗНМ бара да се изберат членовите во АВМУ и МРТ

SlobodnaEvropa.mk 

ЗНМ бара од собраниската комисија за избори именувања одблокирање на процесот за избор на членовите на Советот на Агенција за аудио визуелни медиумски услуги и за Програмскиот совет на МРТ. Претседателот на ЗНМ Младен Чадиковки и директорот Драган Секуловски денеска се сретнаа со претседателот на собраниската комисија Илија Димовски со кој како што се вели во соопштението од ЗНМ, е договорено дека во текот наредните денови ќе биде закажана седницата за овие две точки.Во соопштението е наведено дека Димовски очекува дека по летните одмори... Читать дальше...



Заев: Писмото од Мерко не стигна во Владата

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев вели дека сè уште не го добил писмото со кое струшкиот градоначалник му ги остапува ингеренциите од општината во делот на градежништвото, но додава дека има информации оти и општина Охрид планира да го направи тоа. Заев вели дека доколку се случи тоа, државата ќе ги земе овие отстапени ингеренции и ќе постапува за да ги исполни обврските кон УНЕСКО, но и кон граѓаните воспоставувајќи ред во оваа сфера.

Британската морнарица испраќа подморница во Персискиот залив

SlobodnaEvropa.mk 

Откако Иран заплени британски нафтен танкер, британската морнарица испраќа нуклеарна подморница во Персискиот залив, објави британскиот весник „Експрес“. Според весникот, подморницата ќе има одбранбена улога, користејќи ја својата софистицирана опрема за собирање разузнавачки податоци. Подморницата од класа Астуте една од најновите, тешка е 7.400 тони, може да регистрира движење и пренос на глас до 200 милји, нејзината опрема може да ги пресретне и да ги преземе сите разговори, а во неа како дел од екипажот се и специјалисти лингвисти... Читать дальше...

Русковска го добила вештачењето на телефонот на Катица Јанева

SlobodnaEvropa.mk 

Во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција стигнал извештајот од вештачењето на телефонот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева што и беше одземен во врска со истрагата за случајот „Рекет“, потврдиле за МИА од Обвинителството. Официјални детали од тоа што покажало вештачењето, како што велат од Обвинителството, не можат да соопштат во интерес на истрагата. Вештачењето на телефонот на Јанева беше со цел да се види нејзината комуникација со осомничените во „Рекет“. ... Читать дальше...

Македонските затвори пренатрупани и без доволно пари

SlobodnaEvropa.mk 

Казнено-поправните домови немаат доволно париимаат недостиг од финансии за соодветно управување, недоволен број на вработени, пренатрупаност, слаба ресоцијализација, недостиг на здравствени услуги, незадоволителен квалитет и количина на храна, слаб контакт на затворениците со семејствата. Ова се дел од заклучоците на работната група на собраниската Постојана комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, кои беа презентирани на денешната Јавна расправа на тема: Состојбата со човековите... Читать дальше...

Груби: Не е работа на Собранието и Владата да одредуваат наследник на Јанева

SlobodnaEvropa.mk 

Пратеникот од ДУИ, Артан Груби, изјави дека не е работа на Собранието или Владата да одредуваат прв човек на новото обвинителство за организиран криминал и висока корупција, кое би требало да го наследи СЈО. Тоа, според Груби, треба да го направи Советот на обвинители. „Не е работа на политичките партии да навлегуваат во кадровски решенија за нов обвинител. Кога тоа го направија пред четири години, гледаме сега што излезе“, го коментираше груби предлогот на премиерот Зоран Заев обвинителката Вилма... Читать дальше...

Харадинај: Не сакаме Додик република во Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Косовскиот премиер во оставка, Рамуш Харадинај, преку „Фејсбук“ им се заблагодари на неговите поддржувачи и порача дека не сака „Додик република во Косово“. „Бараме признавање, а не поделба на Косово, а не ‘Додик република’ во Косово“, напиша тој на „Фејсбук“. Рамуш Харадинај во петокот поднесе неотповиклива оставка на фукцијата премиер на привремените приштински институции бидејќи, како што рече, добил повик од Специјалниот суд во Хаг како осомничен за воени злосторства.

Евроамбасадорот Жбогар не гледа причина за политичка криза во Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Случајот „Рекет“ покажува дека Јавното обвинителство се бори против корупцијата на високо ниво и го поддржуваме да работи на вакви случаи, изјави денеска евроамбасадорот Самуел Жбогар и додаде дека не гледа причина за политичка криза во земјата. „Случајот со СЈО и обвинителката Катица Јанева го гледам од позитивната страна. Гледаме дека Јавното обвинителство се бори против корупцијата, дека води борба против корупцијата на високо ниво. Сметам дека ги подржуваме Јавното обвинтелство да биде поангажирано и да работи на вакви случи. Читать дальше...

Пендаровски: Политички сме поделени како никогаш до сега

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот Стево Пендаровски денеска изјави дека неговата задача, во рамки на надлежностие што ги има, е да ја намали поларизацијата во општеството. Порача политичарите да бидат согласни околу стратешките цели во економијата, евроатлантските интеграции и меѓуетничките односи. „Мојата задача е да ја намалам поларизацијата на каков било начин, како што можам, со збор, со постапка, со повикување на луѓето кај мене или со мое одење кај нив. Мислам дека политичките поделби се никогаш подлабоки и... Читать дальше...

Јовески: Знаеме како се давани парите во случајот „Рекет“

SlobodnaEvropa.mk 

Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, вели дека знаат како и од каде се дадени 1,5 милиони евра во случајот „Рекет“, каде осомничени се Бојан Јовановски, познат како Боки 13 и Зоран Милески –Кичеец. „Парите се дадени во готовина во два наврата. Обвинителството уште во предистражната постапка ги утврди начинот и сметките од кои се обезбедени парите. За да не се наштети на постапката, други детали не би откривал. Но кога ќе бидат создадени услови, јавноста ќе биде запознаена со начинот на извршување на кривичните дела во овој предмет“... Читать дальше...

Чавушоглу: Руските С-400 се помодерни од американските „Патриот“

SlobodnaEvropa.mk 

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјави дека руските ракетни системи С-400 се помодерни во споредба со американските „Патриот“. Чавушоглу нагласи дека Анкара планира да „ги стави во употреба ракетните системи С-400 до следната година“. Во меѓувреме, турскиот министер за одбрана Хулуси Акар истакна дека распоредувањето на С-400 ќе започне уште во октомври оваа година. „Руските С-400 се помодерни системи за противракетна одбрана во споредба со американските „Патриот“, истакна шефот на турската дипломатија. Читать дальше...

Ќе има ли нови пазарења и за законот за новото обвинителство?

SlobodnaEvropa.mk 

Неделава предлог законот за Јавно обвинителство во скратена постапка влегува во собраниска процедура. Дел од опозицијата најавува амандмани, ВМРО-ДПМНЕ се уште го разгледува, но, и не се откажува од идејата да достават и свој закон.


Музыкальные новости
Полина Гагарина

Полина Гагарина опровергла «уход на пенсию» и рассказала о новом рубеже





Персональные новости
Выставка

Выставку "Россия" посетили 12 миллионов человек





Пендаровски: „Рекет“ да се расчисти целосно за да нема ни малку сомнеж

SlobodnaEvropa.mk 

Последниве денови сме сведоци на една крупна афера која има многу шпекулации, која очигледно оди низ многу слоеви на нашето општество, и економски, и криминални, и политички, за жал. И јас од оваа позиција не гледам политички притисок ако кажам дека инсистирам државните органи во таа така наречена ситуација или случај „Рекет“ да ја истераат работата што е можно побрзо, до крај, изјави претседателот Стево Пендаровски, кој денеска беше во посета на Стопнаската комора на Македонија (ССК). Тој потсети... Читать дальше...

Одбиено и второто барање на Кочан за одложување на затворската казна

SlobodnaEvropa.mk 

Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд – Скопје го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан поради здравствени причини да му биде одложено издржувањето на затворската казна од четири години и осум месеци за предметот „Труст“ на СЈО. „Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд – Скопје, надлежен да постапува по предметот од обвинителството означен како „Труст“, по добивање на целокупната медицинска документација неопходна за одлучување по барањето за одлагање на извршувањето... Читать дальше...

Помпео верува дека Асанж ќе биде испорачан во САД

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека верува оти Велика Британија ќе им го испорача на САД основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, обвинет за шпионажа, објавија новинските агенции, повикувајќи се на изјавите на Помпео во интервју за еквадорскиот весник „Ел Универсо“. „Ние веќе поднесовме барање, така што тој ќе им биде испорачан на САД“, вели Поомпео во интервјуто. Асанж во моментов во Лонодн ја отслужува казната од 50 недели затвор заради прекршување на условите на кауцијата,... Читать дальше...

Никој ништо не прифаќа - вие коментирате

SlobodnaEvropa.mk 

Опозициските забелешки за новиот предлог закон за обвинителство и за тоа кој да го води предизвикало најмногу коментари на социјалните мрежи. Фановите на РСЕ го коментирале и неделното интервју со претседателот Стево Пендаровски.

Зошто Путин толку го „сака“ Балканот?

SlobodnaEvropa.mk 

Од институтот „Карнеги“ велат дека Балканот е „средство на Москва за одвлекување на внимание од она што го прави Кремљ и средство за остварување влијание“ во големите европски институции.

Партијата на претседателот Зеленски победник на изборите во Украина

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку пет партии се очекува да освојат места во парламентот во Украина по вчерашните предвремени парламентарни избори во таа земја. Според излезните анкети, победник на изборите е партијата на претседателот Володимир Зеленски, Слуга на народот, со освоени 44 проценти од гласовите. Слични се податоците и од Централната изборна комисија, која по преброени 25 насто гласови, соопштува за добиени 42 насто од страна на партијата на Зеленски. Украинците вчера гласаа за нов парламентарен состав на избори... Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

Петербургский «Зенит» стал чемпионом Единой лиги ВТБ


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Даниил Медведев

Даниил Медведев снялся с четвертьфинала «Мастерса» в Мадриде из‑за травмы


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире




Путин в России и мире
Москва

Путин посетил пасхальную службу в храме Христа Спасителя в Москве


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Русских заявил о субсидировании новых авиарейсов до Минска




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире

Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Желдорреммаш

ЧЭРЗ развивает промышленный туризм в рамках Всероссийской акции «Неделя без турникетов»



Москва

Мужчина расстрелял двух человек на севере Москвы

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net