Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Июль
2019

Новости за 21.07.2019

Варвициотис: Го наследивме од СИРИЗА лошиот Договор од Преспа

SlobodnaEvropa.mk 

Не сме копотписници на Договорот од Преспа. Како што ни оставивте во наследство други прашања, така во наследство го добивме и лошиот договор за кој треба да работиме за резултатите да ги направиме многу подобри, рече алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, надлежен за европски прашања Милитиадис Варвициотис, за време на расправата во Парламентот за гласање доверба на владата, јави дописничката на МИА од Атина. “Го наследивме, ќе се обидеме, преку тесната рамка што е опишана да... Читать дальше...

Спасовски: МВР без соодветен налог не може да знае каде е Јанева

SlobodnaEvropa.mk 

МВР нема обврска да знае каде се граѓаните на државата во кој било момент, освен ако има налог од надлежен обвинител или надлежен суд, рече денеска во Прилеп министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарското прашање дали МВР знае каде е специјалната јавна пбвинителка Катица Јанева. “Ако тргнеме од тој принцип дека МВР треба да знае каде секој се наоѓа во одреден момент, тогаш тоа не е демократска држава. МВР постапува исклучиво според наредби кои ги издаваат надлежниот обвинител или надлежниот суд”... Читать дальше...

Во Косово уапсен осомничен за воени злосторства

SlobodnaEvropa.mk 

Косовската полиција уапси косовски државјанин од српска националност, осомничен за воени злосторства против албанско цивилно население извршени за време на војната во 1999 година, јави дописникот на МИА од Приштина. Специјалното обвинителство на Косово синоќа соопшти дека машко лице, идентификувано со иницијали Г.С., е уапсено како осомничен за „соучесништво заедно со други соизвршители во кривично дело „воени злосторства против цивилно население“ согласно Кривичниот закон на Социјалистичка Федеративна... Читать дальше...



СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ бара алиби за неприфаќање на предлог законот за ЈО

SlobodnaEvropa.mk 

Зад наводното неприфаќање обвинителката Вилма Русковска да продолжи да го води Јавното обвинителство се крие само уште едно алиби на ВМРО-ДПМНЕ за неприфаќање на новиот предлог закон, реагираат од СДСМ по изјавата на претседателот на опозициската партија Христијан Мицкоски дека за нив е неприфатливо таа да биде на чело на институцијата. “Во амандманите што ВМРО-ДПМНЕ ги имаше дадено на претходниот текст на Законот за јавно обвинителство во работните групи предлагаа спојување на СЈО во ОЈО. Во ниту... Читать дальше...

Првата парада на гордоста во источна Полска помина со инциденти

SlobodnaEvropa.mk 

Неколку лица се приведени поради предизвикување индиценти на прва Парада на гордоста која се одржа вчера во источниот полски град Бијалисток. Парадата помина со насилство од фудбалските хулигани, а козервативните активисти одржаа контрапротести. Според властите околу 800 поддржувачи на правата на ЛГБТИ заедницата излегле на улиците во градот кој се наоѓа околу 200 километри североисточно од Варшава. Тие носеа транспаренти “Љубовта не е грев” и “Еднаквост за сите”. Полицискиот портпарол рече дека... Читать дальше...

Мицотакис ја претстави владината програма во шест точки

SlobodnaEvropa.mk 

Земам збор со надеж дека ќе направам нов почеток во нашиот политички живот, бидејќи изборите на 7 јули затворија една деценија на економско, општествено и културно уназадување, рече грчкиот премиер на почетокот од неговото обраќање за време на тридневната расправа што е во тек во Парламентот за добивање доверба на владата, јави дописничката на МИА од Атина. Кирјакос Мицотакис ја претстави програмата на новата влада, говореше за шест вистини, односно за приоритети во шест области, почнувајќи од намалување на даноците... Читать дальше...

Мицкоски: Заев се лаже ако мисли дека законот за ЈО ќе го донесе без нас

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека не можел да се донесе Предлог законот за јавно обвинителство со кој се решава и статусот на Специјално јавно обвинтелство без “главната опозициска партија”. “Зоран Заев треба да разбере дека не е повеќе фактор кој може да наметнува услови и диктира темпо. Ако мисли дека може без главната опозициска парламентарна партија да носи вакви крупни закони, тогаш се лаже, а се лаже ако мисли дека повторно со притисоци и закани може да собира гласови на пратеници... Читать дальше...

Протест во Аеродром- жителите против центар за зависници во нивната општина

SlobodnaEvropa.mk 

Пред поликлиниката „Јане Сандански“ во Општина Аеродром денеска се одржа мирен протест во знак на револт од одлуката на Министерството за здравство метадонска терапија на зависници да се дава во општината каде живеат. Учесниците на протестот истакнаа дека одлуката на ресорното Министерство е неприфатлива затоа што во близина на поликлиниката има градинки и училишта. Побараа да се отворат посебни места со таа намена и сугерираат тоа да бидат локации што не се многу населени. „На ова место има црква, згради, градинки, училишта. Читать дальше...



Украина- Зеленски вети укинување на пратеничкиот имунитет

SlobodnaEvropa.mk 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска по гласањето на предвремените парламентарни избори што се одржуваат во земјата рече дека смета оти една од првите задачи на новиот парламентарен состав треба да биде укинувањето на законот со кој на пратениците им се гарантира имунитет во идни постапки на обвинителството. Овие избори Зеленски ги распиша само два месеца откако ја презема функцијата претседател и на нив се гледа како барометар за неговата популарност. Актуелниот украински претседател... Читать дальше...

Намалени гужвите на „Богородица“, за излез се чека 15 минути

SlobodnaEvropa.mk 

На ГП „Богородица“ чекањето за вршење на задолжителните полициски и царински формалности за излез од држвава изнесува од 10 до 15 минути и засега се одвива во најдобар ред. За разлика од вчера границата не е споена со возила, велат за МИА од дежурната служба на ГП Богородица. Оттаму истакнуваат дека се во функција пет ленти за поефикасно работење и побрз проток на автомобилите и туристите за излез од државава. На грчка страна, каде вчера се чекаше повеќе часа, состојбата е подобра и чекањето е сведено на пократко време.

Заев: Мицотакис е искусен политичар, заедно да гледаме напред

SlobodnaEvropa.mk 

Господинот Мицотакис е искусен политичар и сигурно ѝ мисли добро на својата земја и на своите соседи, па и на целиот балкански регион, вели премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев во интервјуто објавено на грчката телевизија Алфа, а направено во Скопје, три дена пред изборите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. “Ги имам следено внимателно ставовите на господинот Мицотакис, секако неговиот коментар дека договорот не е добар ни е познат. Договорот, веројатно ако гледаме низ... Читать дальше...

Обвинителството потврди дека е запленет глисер во сопственост на осомничен во „Рекет“

SlobodnaEvropa.mk 

По налог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до овој момент е запленет глисер во сопственост на второосомничениот во случајот „Рекет“, изјавија за МИА од Јавното обвинителство. Глисерот е запаленет синоќа. Обвинителството на 15. месецов отвори истрага против лицата Б.Ј и З.М, кои ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“. Првоосомничениот Бојан Јовановски, кој се претставува како неформален сопстевник на 1 ТВ обвинителството... Читать дальше...

Бритиш ервејс ги суспендираше летовите кон Каиро

SlobodnaEvropa.mk 

Британската авиокомпанија Бритиш ервејс соопшти дека ги откажала летовите за Каиро во период од една недела. Египетските власти, пак, наведуваат дека компанијата го известила аеродромот во Каиро за дводневна суспензија на летовите од и за Лондон. Бритиш ервејс во денешното соопштение наведува дека откажувањето на летовите е поради внимателност која треба да овозможи понатамошна процена. Претставници на каирскиот аеродром велат дека откажувањето на летовите следува откако британски претставник неделава... Читать дальше...

Иран тврди дека сите 23 морнари од запленетиот британски брод се безбедни

SlobodnaEvropa.mk 

Иранските власти денеска тврдат дека сите 23 членови на екипажот на танкерот кој пловеше под британско знаме се безбедни и во добра здравствена состојба. Лондон го осуди запленувањето на бродот во Ормутскиот теснец и тврди дека тој легално пловел во оманските територијални води. “Сите 23 члена на екипажот се безбедни и во добра здравстена состојба”, рече Алахмурад Афифипоурм, раководител на поморската служба во провинцијата Хормозган. Лондон го смета запленувањето на бродот во заливот на 19 јули... Читать дальше...

Украинците гласаат на предвремени парламентарни избори

SlobodnaEvropa.mk 

Украинците денеска гласаат за нов парламентарен состав на избори на кои се гледа како барометар за популарноста на претседателот Володимир Зеленски, кој на позицијата е два месеца. Зеленски победи на претседателските избори по години лоша економија, висока корупција и војна со сепаратистите поддржани од Русија во источна Украина. Испитувањата на јавното мислење покажуваат дека поранешниот комичар Зеленски кој глумеше претседател во популарна телевизиска серија, ја задржал поддршкаата. Зеленски... Читать дальше...

Ципрас го критикуваше Мицотакис за недоследност за Договорот од Преспа

SlobodnaEvropa.mk 

Во 10 часот по локално време, денеска продолжува тридневната расправа во грчкиот Парламент за гласање доверба на новата влада, откако вчера свои обраќања имаа премиерот на Грција како и лидерите на сите грчки политички партии, јави дописничката на МИА од Атина. Лидерот на сега опоизициската СИРИЗА Алексис Ципрас вчера во делот од неговото обраќање, посветен на надворешната политика се осврна на Договорот од Преспа, ги спомена јавно изразените позиции на министерот за одбрана и алтернативниот министер... Читать дальше...

Времето денеска топло, температурата до 36 степени

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен претежно северен ветер. Минималната температура ќе биде помеѓу 11 и 18, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде 16 степени, а дневната ќе достигне 35 степени Целзиусови.

Пендаровски - Зборувам за помирување, а не за нечија амнестија

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за Слободна Европа вели дека се залага за помирување, а на забелешките на ВМРО-ДПМНЕ дека помирувањето го сфаќа како амнестија за премиерот Заев и неговите, вели дека нема намера да го амнестира Заев или неговите блиски, ако сториле криминал. Пендаровски вели и дека со изјавата за Гоце Делчев ја засилил македонската преговарачка позиција. Со Пендаровски раговараме и за случувањата околу СЈО, датумот за преговори со ЕУ, и реалната опасност Охрид да го загуби статусот на УНЕСКО.

Пендаровски - Помогнав во деблокирање на ќор-сокакот со Бугарија

SlobodnaEvropa.mk 

Дадов политички ветер во грб на нашата страна во комисијата со Бугарија, во спротивно ќе имавме блокада кон ЕУ од Софија, вели претседателот Стево Пендаровски во интервјуто за РСЕ во кое се зборува и за октомвриските очекувања од ЕУ, за СЈО и опасноста Охрид да го загуби стаусот во УНЕСКО.

Спорт в России и мире
Москва

Сезон 2024 года открыт!


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
WTA

Потапова и Павлюченкова вышли в полуфинал турнира WTA в Мадриде в парном разряде


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Изменение климата обойдется человечеству в 35 трлн долларов в год





Путин в России и мире
Москва

Путин приехал в храм Христа Спасителя на пасхальную службу


Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире

Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Концерт

Концерт дома детского творчества



Москва

8-летний Миша из Пензенской области частушками поразил жюри на шоу «Лучше всех!»

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net