Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Январь
2022

Новости за 28.01.2022

Пожар во две куќи во Тетово, повредено едно лице

SlobodnaEvropa.mk 

Две куќи во Тетово вечерва беа зафатени од пожар во населбата Култок, по што со повреди се здобил сопственикот на едната куќа каде избувнал пожарот, соопшти СВР Тетово. Според информациите, пожарникарите го ставиле пожарот под контрола за околу еден час. Пожарот бил прјавен, откако била зафатена едната куќа и се проширил кон соседната каде не живеел никој, а 50-годишниот сопственик И.С. се здобил со повреди и бил пренесен во Клиничката болница Тетово, информираат од тетовската полиција. Огнот... Читать дальше...

Одложено судењето за случајот „Плацеви на Водно“

SlobodnaEvropa.mk 

Одложено е денешното судењето за случајот „Плацеви на Водно“, во кој се обвинети поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков, поранешниот премиер Никола Груевски и бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан Орце Камчев и Ратка Куновска Камчева. Денешното судење е одложено поради отсуство на четворица од повиканите сведоци и по барање на одбраната на обвинетиот Орце Камчев, кој од вчера бил позитивен на КОВИД-19. Одбраната на Камчев, кој денеска присуствуваше во судницата во Основниот кривичен суд во Скопје... Читать дальше...

Токаев ја презема позицијата лидер на владејачката партија на Казахстан

SlobodnaEvropa.mk 

Казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев го смени својот претходник Нурсултан Назарбаев како лидер на владејачката партија Нур-Отан, што е последен во низата чекори за консолидирање на неговата моќ и за маргинализирање на неговиот претходник, по смртоносните антивладини протести на почетокот на јануари. Прес-службата на претседателот соопшти дека одлуката е донесена на конгресот на партијата одржан на 28 јануари по налог на Назарбаев. Отпуштен шефот на казахстанската изборна комисија... Читать дальше...



Путин - Западот ја „игнорира“ безбедносната загриженост на Москва

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Западот ја „игнорира“ безбедносната загриженост на Москва во врска со проширувањето на НАТО, додека Соединетите држави повторно ја повикаа Русија да ги повлече своите сили од областите во близина на границата на Украина поради постојаните стравувања дека зголемувањето на трупите е увертира за инвазија на нејзиниот западен сосед. Путин на својот француски колега Емануел Макрон во телефонски разговор на 28 јануари, му рекол дека руската страна оваа недела... Читать дальше...

Зеленски - Главниот ризик за Украина е дестабилизација одвнатре

SlobodnaEvropa.mk 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека тензиите со Русија не се зголемени, a дека главниот ризик за неговата земја е дестабилизација одвнатре. Зборувајќи за новинарите на 28 јануари во Киев, Зеленски рече дека иако не може да ја исклучи натамошната ескалација на тензиите, не е јасно дали сигурно ќе започне војна со Русија, која има распоредено околу 100.000 војници во области блиску до Границата на Украина е сигурна. Столтенберг - НАТО е подготвена да го засили присуството во... Читать дальше...

САД и ЕУ најавија соработка за енергетската безбедност на Европа

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Џо Бајден и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска ветија дека ќе соработуваат за гарантирањето на енергетската безбедност на Европа, како и на Украина во услови на тензии околу трупањето на руски војници во близина на украинската граница, пренесува Ројтерс. „САД и ЕУ работат заедно за континуирано, доволно и навремено снабдување на ЕУ со природен гас од различни извори ширум светот, за да се избегнат шокови во снабдувањето, вклучително и оние... Читать дальше...

26 починати и 1.908 нови случаи на КОВИД-19

SlobodnaEvropa.mk 

Во изминатото деноноќие се регистрирани 1.908 нови случаи на коронавирус, а починале 22 лица сите во болнички услови, соопшти Министерството за здравство. Дополнително, пријавени се уште четири починати пријавени во Регистарот „Мој термин“ во периодот од 4 до 26 јануари оваа година. Направени се 5.834 тестирања во изминатите 24 часа. Најмногу нови случаи има во Скопје – 972, Кавадарци 112, Куманово 111  Битола 105, Велес 62, Тетово 58, Прилеп 54... Шефот на СЗО - Пандемијата е далеку од завршена Од вкупниот број на позитивни... Читать дальше...

Бектеши - Предложено е продолжување на мерката за замрзнати цени на основните производи

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека министерството со кое раководи доставило одлука до Владата со која се предлага мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи да се продолжи до крајот на февруари 2022 година. Инаку, Владата на почетокот на декември водеде мерка за замрзнување на цените на основните прехранбени производи до 31 јануари поради растот на инфлацијата. Беа замрзнати цените на лебот, шеќерот, брашното, маслото за јадење, трајното млеко, свежото... Читать дальше...



Фон дер Лајен критикувана поради приватна комуникација со шефот на Фајзер

SlobodnaEvropa.mk 

Европскиот омбудсман го критикуваше начинот на кој Европската комисија (ЕК) одговорила на барањето за пристап до СМС пораките меѓу претседателката на институцијата Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на една фармацевтска компанија. Затоа, Европскиот омбудсман бара ЕК да спроведе поопширно пребарување на релевантните пораки. До оваа истрага дојде откако бриселскиот новинар Александар Фанта од порталот www.netzpolitik.org побарал увид во документите поврзани со контактот на претседателката... Читать дальше...

Столтенберг - НАТО е подготвена да го засили присуството во Источна Европа

SlobodnaEvropa.mk 

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека воената алијанса е подготвена да го засили своето присуство во Источна Европа, за да спречи какво било недоразбирање од страна на Русија за нејзината решителност да го заштити регионот, во услови на трупање на војска од страна на Москва во областите во близина на границите и на Украина и на Белорусија. Говорејќи на форумот на Атлантскиот совет на 28 јануари, шефот на НАТО рече дека Русија распоредува илјадници борбени трупи и воена опрема во Белорусија... Читать дальше...

Сали- се е под контрола, нема потреба од дополнителни мерки

SlobodnaEvropa.mk 

Нема потреба од дополнителни рестриктивни мерки до следниот состанок на Комисијата за заразни болести бидејќи во последните два дена има намалување на бројот на новозаболени, смета министерот за здравство Беким Сали. Во изјава за медиумите, Сали вели дека според податоците на Институтот за јавно здравје, што на дневна основа ги добиваат, пандемијата во земјава дава знаци на стивнување и секој ден има намалување на бројот на новоинфицирани и на хоспитализирани. „Се е под контрола. Нема потреба од дополнителни мерки. Читать дальше...

САД побараа од Русија да ги повлече своите војници од украинската граница

SlobodnaEvropa.mk 

Соединетите Држави повторно побараа од Русија да ги повлече своите војници од границите на Украина поради постојаните стравувања дека Москва се подготвува да го нападне својот сосед и покрај новите уверувања дека нема да започне војна. Амбасадорот на САД во Москва Џон Саливан на 28 јануари изјави дека Вашингтон сега го чека одговорот на Русија на писмените предлози за дипломатски пат за решавање на украинската криза, изразувајќи надеж дека потоа може да следи средба меѓу американските и руските дипломати. Читать дальше...

Пендаровски се сретна со претставници на македонските здруженија од Бугарија

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими претставници на ОМО „Илинден“ и претставници на неколку други здруженија на граѓани од Република Бугарија. Претставниците на здруженијата го информираа претседателот Пендаровски за нивната работа и активности во областа на човековите права, промовирање на толеранција и градење на граѓанско општество, информираат од кабинетот на шефот на државата. „Во однос на дијалогот со Бугарија, претседателот Пендаровски оцени дека почнува нова фаза, а двете... Читать дальше...

Сали- второто полугодие ќе биде со физичко присуство

SlobodnaEvropa.mk 

Второто полугодие во училиштата ќе започне со физичко присуство бидејќи, како што денеска изјави министерот за здравство Беким Сали, епидемиолошката состојба го дозволува тоа, а Министерството за здравство ќе прави случаен скрининг меѓу учениците. Доколку се појави ширење на вирусот во одреден регион, општина или град, министерот најавува дека ќе бидат преземени мерки. „Според нашите податоци нема потреба од онлајн учење во овој момент затоа што епидемиолошката состојба се менува секоја недела... Читать дальше...

Опозицијата бара документи на увид, а Османи тврди дека не се преговара за јазикот и идентитетот

SlobodnaEvropa.mk 

Не преговараме за идентитетот и јазикот со Бугарија, но не можам да пред Собранието да доставам работни документи за што се разговара за да не го нарушам процесот. Ако има можен договор, тој ќе биде доставен до пратениците, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи. Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ бара на затворена седница да се разгледаат работните документи.

Касами бара предвремени избори што е можно поскоро

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Движењето Беса Биљал Касами и градоначалник на Тетово на денешната прес-конференција истакна дека по се што се случило по локалните избори, неопходни се предвремени парламентрани избори што побрзо. „Ние сме разговарале и во рамките на органите на партијата дека после локалните избори и се што се случи потоа со чудниот трансфер на пратеници, приклучување на политички партии само да си бидат дел од власт и за користење на сите придобивки на власта и со резултатите на политичките партии на последните локални избори... Читать дальше...

Здружението на јавните обвинители ги осуди заканите кон Јовески

SlobodnaEvropa.mk 

Здружението на јавните обвинители во Република Северна Македонија најостро ги осудува последните закани упатени кон државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. „Заканите упатени кон него, како највисок во јавнообвинителската хиерархија, претставуваат закана кон целата институција и сите носители на јавно обвинителската функција. Ваквите закани од било каде и од било кого да доаѓаат, најблаго речено се нецивилизациски чин. Истите се во спротивност со сите меѓународни акти и востановени стандарди... Читать дальше...

Османи пред пратениците- никој не преговара за идентитетските прашања

SlobodnaEvropa.mk 

Шефот на дипломатијата Бујар Османи пред членовите на Комисијата за надворешна политика на Собранието за текот на разговорите и односите меѓу Скопје и Софија, истакна дека никој не преговара за идентитетот, јазикот и другите идентитетски атрибути. „Кога сме кај чувствителните прашања, сакам јасно и гласно да повторам – никој не преговара за идентитетот! Јазикот и другите идентитетски атрибути се прашања кои произлегуваат од правото на самоопределување на секој човек, на секој народ, на секоја етничка заедница... Читать дальше...

Лавров-Русија не сака војна против Украина

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска рече дека Русија не сака да започне војна против Украина. Тој ова го кажа во време на зголемени тензии поради трупањето на околу сто илјади руски војници во близина на границата со Украина и во период во кој Москва бара безбедносни гаранции од западните земји како услов за деексалација на кризата. Соединетите држави и НАТО на 26 јануари го отфрлија барањето на Москва за трајно затворање на вратата на алијансата за Украина и за други поранешни советски републики. Читать дальше...


Музыкальные новости
Анастасия Волочкова

Кудрявцева отправила сообщение Волочковой с призывом бросить пить алкоголь





Персональные новости
Выставка

Выставка о красоте старины открыта в Поганкиных палатах в Пскове





Наставата во Србија по комбиниран модел

SlobodnaEvropa.mk 

Од понеделник, 31 јануари, учениците од прво до четврто одделение од основните училишта во Србија ќе ја следат наставата со физичко присуство, додека учениците од петто до осмо одделение ќе имаат настава по комбиниран модел, односно ќе одат на училиште поделени во две групи. Српското министерство за образование соопшти дека и за средношколците наставата ќе се одвива по комбиниран модел. Според податоците доставени до Министерството од Институтот за јавно здравје на Србија од 20 до 26 јануари 2022 година... Читать дальше...

БСП до ГЕРБ- не ве напаѓавме за С.Македонија додека бевме опозиција

SlobodnaEvropa.mk 

Заменик-претседателот на Народното собрание на Бугарија и заменик-претседател на БСП Кристијан Вигенин им се обрати на пратениците на опозициската ГЕРБ истакнувајќи дека БСП никогаш не дозволиле да ги напаѓаат за темата за Северна Македонија, кога биле во опозиција, јави дописникот на МИА од Софија. Вигенин ги повика ГЕРБ да се обидат да помогнат за одблокирање на процесот, со кој не успеале да се справат. Тошко Јорданов, кој е претседател на парламентарната група на „Има таков народ“ партија која... Читать дальше...

Сопственикот на „Беса транс“ е достапен на обвинителството

SlobodnaEvropa.mk 

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески вели дека се уште се чека на замолницата од бугарското обвинителство за да се повикаат застапниците на жртвите од автобуската несреќа на автопатот Струма за тие ако сакаат да извршат увид во списите или да поднесат тужби.

ДКСК бара од Лекарската комора да го истражи случајот со директорката Софијанова за рекламирање суплементи

SlobodnaEvropa.mk 

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) бара од Лекарската комора на Република Северна Македонија да го истражи случајот со директорката на Клиниката за педијатрија Аспазија Софијанова која рекламирала суплементи на одреден производител на телевизија. ДКСК која е ненадлежна да постапува по предметот, ќе ја достави пријавата до Лекарската комора и ќе бара да биде известена за тоа што е преземено по оваа пријава. „При разгледување на предметните наоди цениме дека во постапувањето на... Читать дальше...

Зошто Путин повлече „црвенa линиja“ над Украина?

SlobodnaEvropa.mk 

Украина стана главна точка на удар во односите на Москва со Западот. Еве некои од причините зошто рускиот претседател Владимир Путин е толку преокупиран со Украина и зошто сега избра да ја доведе кризата на чело.

Будимпешта ќе бара од Москва зголемување на количините на гас

SlobodnaEvropa.mk 

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Будимпешта ќе се обиде да го зголеми увозот на руски гас на средбата со рускиот претседател Владимир Путин која треба да се одржи идната недела. Унгарија, која е членка на Европската унија и на НАТО, во септември потпиша нов 15-годишен договор за снабдување со природен гас со Гаспром. Според договорот, рускиот државен гигант се обврза годишно на Унгарија да и испорачува 4,5 милијарди кубни метри гас. „Би сакал да ја зголемам количината на гас... Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

Матч ЦСКА - "Рубин" завершился со счетом 2:2


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Ига Свёнтек

«Ну и кто сказал, что женский теннис — это скучно?» Свёнтек — после матча с Соболенко


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Кирилл Купченко, Директор по послепродажному обслуживанию ABTOДОМ МКАД рассказал о сервисном обслуживании электромобилей Zeekr





Путин в России и мире
Москва

Стало известно, кто из Томской области едет в Москву на инаугурацию президента


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Лукашенко: Минск не будет рисовать никаких линий, мгновенно ответит на агрессию




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире

Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Филипп Киркоров

«Это было гениально!»: красноярец Илья Соболев спародировал Киркорова – Филипп оценил



Москва

Генсек ООН направит Владимиру Путину письмо в связи с инаугурацией

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net