Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Январь
2022

Новости за 18.01.2022

Мицкоски по средбата со Петков-Наместо блокади, потребни се мостови

SlobodnaEvropa.mk 

Актуелните состојби врзани за односите меѓу двете земји била темата на средбата на бугарскиот премиер Кирил Петков со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во седиштето на партијата во Скопје. Во кусото соопштение од партијата е посочено дека Мицкоски се задржал на „истите позиции кои се и претходно јавно познати“. Оптимисти, но без одговор на клучните прашања „Она што беше посочено е потребата за градење на доверба, отворени односи и поврзување на теми и области каде е можна меѓусебна соработка... Читать дальше...

Ахмети: Ништо лошо нема да биде ако го вметнеме бугарското малцинство во Уставот

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарија и Северна Македонија се во многу значааен процес и двете земји имаат потреба од релаксирање на односите, и треба отворено да се зборува за темите за кои се бара решение и за кои не треба да бидеме преокупирани од емоции, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети по средбата со бугарскиот премиер Кирил Петков во Собранието. Тој пред новинарите посочи дека видел голема волја кај бугарскиот премиер за надминување на разликите кои постојат меѓу Скопје и Софија, по што би можело земјава во јуни годинава да ги отвори преговорите за членство во ЕУ. Читать дальше...

Рекордни 2 269 новозаболени со ковид-19 и 13 починати лица

SlobodnaEvropa.mk 

Во изминативе 24 часа се евиденирани рекорден број од 2 269 нови случаи на новозаболени со ковид-19 од направени 7.038 тестови. Најголем број на новозаразени се забележани во Скопје и нивниот вкупен број за еден ден изнесува 1.169, потоа во Битола – 183, и Прилеп – 165. Од вкупниот број на позитивни 2.269 случаи, регистрирани се 310 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 5 починати лица од Скопје, 3 од Струмица, 2 од Кавадарци и по едно починато лице од Куманово, Струга и Охрид. Читать дальше...



УНИЦЕФ-Одложувањето на второто полугодие треба да биде привремено

SlobodnaEvropa.mk 

Одлуката на Владата за одложување на почетокот на учебната година по зимскиот распуст треба да биде привремена мерка и да се вложат сите напори децата да се вратат во училниците, соопшти Канцеларијата на УНИЦЕФ во нашата земја. Во нивното соопштение е посочено дека додека земјата минува низ уште еден бран на инфекции со ковид -19, сè почесто предизвикан од сојот омикрон, најдобриот интерес на детето мора да има централно место при секое одлучување дали училиштата да останат отворени. Претставничката... Читать дальше...

Назарбаев негира каков било конфликт со неговиот наследник

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот казахстански претседател Нурсултан Назарбаев негираше каков било конфликт со неговиот наследник по масовните и смртноносни антивладини протести во централноазиската држава богата со нафта на почетокот на овој месец, што предизвикаа обвинувања за борба за власт. „Ги предадов сите претседателски овластувања на Касим-Жомарт Токаев во 2019 година и оттогаш сум пензионер“, изјави 81-годишниот Назарбаев во видео изјава објавена на 18 јануари. Тој во неа посочува дека сега како пензионер... Читать дальше...

Пендаровски-Потребно е враќање на довербата меѓу двете влади во Скопје и Софија

SlobodnaEvropa.mk 

„Потребно е враќање на довербата меѓу двете влади, што ќе придонесе за засилување на добрососедските односи и политичкиот дијалог за почувствителните прашања, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски по средбата со бугарскиот премиер Кирил Петков во Вилата Водно. Во соопштението е наведено дека надминувањето на меѓусебните недоразбирања е важно за напречено одвивање на македонските евроинтеграциски процеси, како и за неутрализирање на растечкиот евроскептицизам и негативните тенденции во регионот. Читать дальше...

Рот: Бугарија да го признае македонското малцинство

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот германски министер за Европа и актуелен пратеник во германскиот Бундестаг Михаил Рот денеска ја поздрави средбата на премиерите на Бугарија и Северна Македонија, Кирил Петков и Димитар Ковачевски во Скопје . Тој на неговиот официјален Твитер профил напиша дека Бугарија конечно треба да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права и „да признае македонското малцинство во Бугарија“. „Многу е добро што се среќаваат новите премиери на Бугарија и на Северна Македонија. Како... Читать дальше...

Блинкен во посета на Киев и Берлин

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот државен секретар Антони Блинкен  утре ќе го посети Киев каде ќе разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски во знак на поддршка поради загриженоста на Западот дека Русија се подготвува да го нападне својот сосед. На агендата на Блинкен е средба со Зеленски и украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба за „да ја зајакне посветеноста на Соединетите Држави за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, пред да замине за Берлин на разговори со германската... Читать дальше...



Владата демантира дека химната била скратена

SlobodnaEvropa.mk 

Владата на Република Северна Македонија најостро ги демантира и ги отфрла како дезинформација објавените информации во повеќе медиуми и портали, за наводно намерно изоставање на одредени делови односно стихови од химната на Северна Македонија, за време на официјалниот пречек на претседателот на Владата на Република Бугарија, Кирил Петков. „Воениот оркестар на Армијата на Република Северна Македонија согласно воениот и државен протокол се ангажира при пречек на странските државници на највисоко... Читать дальше...

Иранскиот претседател Раиси утре во посета на Москва

SlobodnaEvropa.mk 

Кремљ соопшти дека претседателот Владимир Путин утре ќе биде домаќин на својот ирански колега, Ебрахим Раиси, во услови на преговори за обновување на историскиот нуклеарен договор меѓу Техеран и светските сили. Тоа ќе биде трета посета на Раиси надвор од Иран, по Таџикистан и соседен Туркменистан, откако го презеде претседателството во август 2021 година, но и прва посета на ирански претседател во Русија од 2017 година. Москва и Техеран имаат силни политички, економски и воени врски и се клучни... Читать дальше...

ССМ: Недела неработен ден е реалност колку и тоа да не им се допаѓа на газдите

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателството на Сојузот на синдикатите на Македонија одржа вонредна седница  на која расправаше за информацијата за поднесената иницијатива пред Уставниот суд од  страна на Стопанската комора на Северна Македонија со која се оспоруваат измените на Законот за работни односи со кои се уредува работата во недела. „Недела ден на неделен одмор е реалност колку и тоа на „газдите“ да не им се допаѓа, а не им се допаѓа поради тоа што ги полнеа џебовите на грбот на работниците кои им работеа без да ги плаќаат. Читать дальше...

Ердоган ја повика Русија да не ја напаѓа Украина

SlobodnaEvropa.mk 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ја повика Русија да не ја „напаѓа“ Украина. „Русија треба да ја преиспита ситуацијата во светот и сопствената ситуација пред да се одлучи на таков чекор, изјави Ердоган пред новинарите по посетата на Албанија. Тој истакна дека евентуална руска инвазија на Украина би била грешка бидејќи, како што наведе, Украина не е обична земја. „Украина е силна држава“, додаде турскиот претседател. Турција го менува името во Туркије Турскиот претседател Ердоган во посета на Албанија Москва... Читать дальше...

Оптимисти, но без одговор на клучните прашања

SlobodnaEvropa.mk 

Првата средба на македонскиот и бугарскиот премиер заврши со договор за употреба на скратеното име Северна Македонија и за средби на работните групи секоја недела. Петков избегна да именува македонскиот јазик, иако рече ги почитува сите јазици во земјава.

Бубевски избран за шеф на скопското обвинителство

SlobodnaEvropa.mk 

Некогашниот специјален јавен обвинител, Гаврил Бубевски, стана шеф на скопското Јавно обвинителство, а неговиот колега од СЈО, Стевчо Донев, е избран за јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство во Штип. Ова се последните одлуки донесени од Советот на јавните обвинители. Новиот шеф во скопското Обвинителство, Бубевски, застапуваше неколку предмети на СЈО пред судот против високи поранешни функционери. Меѓу нив се „Насилство во Општина Центар“, „Монструм“, „Титаник 3“. Обвинителот Стевчо Донев... Читать дальше...

Лирман од Тирана: Посветени сме на отворање на преговорите, добивме позитивни сигнали од Бугарија

SlobodnaEvropa.mk 

Германската министерка за Европа, Ана Лирман која по вчерашната посета на Скопје, денеска престојува во Тирана, на прес-конференција рече дека Германија е посветена на започнување преговори на Албанија и Северна Македонија со Европската Унија. На прашањето дали треба одделување на Албанија од Северна Македонија на овој пат, не даде директен одговор, туку рече дека добиле позитивни сигнали од Бугарија, која стави вето на Северна Македонија и го кочи овој процес. „За нас е од суштинско значење... Читать дальше...

Бугарија ќе го користи краткото име Северна Македонија, Петков ги почитува сите јазици од Уставот

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарија прифати да го користи краткото име на државата Северна Македонија, исто како што го користи и долгото Република Северна Македонија, соопшти денеска премиерот Димитар Ковачевски, на заедничката прес конференција со неговиот бугарски колега Кирил Петков.  За него, ова е голем чекор во новото поглавје и води кон поголема соработка меѓу двете држави. „Денес, како премиери на две блиски држави се согласивме дека влегуваме во интензивна динамика на решавање на отворените прашања со цел побрзо обезбедување на нова иднина. Читать дальше...

Ќе го одложи ли ширењето на омикронот одложувањето на второто полугодие?

SlobodnaEvropa.mk 

Високите бројки на новозаразени со ковид 19 се причини владата да одлучи почетокот на второто полугодие да продолжи на 1 февруари, наместо на 21 јануари како што требаше. Колку ова ќе влијае врз подобрување на епидемиолошката состојба меѓу учениците?

Уметноста на Стаал и колективот „Что делат?“ - дел Колекцијата на МСУ

SlobodnaEvropa.mk 

Колекцијата на Музејот на современа уметност – Скопје, деновиве, е збогатена со творби на неколкумина светски познати уметници. Своите творби за постојаната хуманитарна поставка ги отстапија холандскиот визуелен уметник Јонас Стаал и рускиот уметнички колектив „Что делат“.

Роберта Мецола- нова претседателка на Европскиот парламент

SlobodnaEvropa.mk 

Малтежанката Роберта Мецола е избрана за нов претседател на Европскиот парламент (ЕП). Од 690 присутни, за неа гласале 458 пратеници. Прифаќајќи ја функцијата, Мецола истакна дека сака луѓето да го вратат чувството на верба и ентузијазам за европскиот проект. „Во следните години, луѓето ширум Европа ќе бараат од нашата институција водство и насоки, додека другите ќе продолжат да ги тестираат границите на нашите демократски вредности и европски принципи. Мораме да се бориме против негативниот наратив кон  Европската унија... Читать дальше...


Музыкальные новости
Lizzo

Тучная рэперша Lizzo показала фигуру в платье с откровенными вырезами





Персональные новости
Сергей Брановицкий

Композитор Классической музыки Сергей Брановицкий представляет произведения классической музыки.





Најмногу починати во еден ден од почетокот на пандемијата во Австралија

SlobodnaEvropa.mk 

Австралија денеска го доживеа најсмртоносниот ден од пандемијата, во период кога омикрон сојот на коронавирусот ја зголемува хоспитализацијата, иако дневниот број на заразени благо опаѓа. Австралија се соочува со најлошата епидемија на ковид 19, која е поттикната од варијантата омикрон, која стави повеќе луѓе во болници и интензивна нега отколку во кое било време за време на пандемијата, пренесува Ројтерс. За 24 часа се регистрирани вкупно 77 смртни случаи, што го надминува претходниот национален рекорд од 57 минатиот четврток... Читать дальше...

Кина предупредува на пренос на омикрон преку пошта од странство

SlobodnaEvropa.mk 

Кина ги повика жителите да носат маски и ракавици кога отвораат пошта, особено од странство, откако властите сугерираа дека првиот случај на вирусот омикрон откриен во Пекинг можел да стигне преку пакет од Канада. Според Ројтерс, властите ветиле дека ќе ја интензивираат дезинфекцијата на поштата во странство и инсистираат поштенскиот персонал што ракува со неа да биде целосно вакциниран. Мерките на претпазливост доаѓаат на помалку од три недели пред почетокот на Зимските олимписки игри во Пекинг... Читать дальше...

Османи – Генчовска: Скопје и Софија остануваат посветени на евроинтеграцијата на регионот

SlobodnaEvropa.mk 

Европската интеграција на Западниот Балкан претставува национален интерес, како на земјите кандидати за членство, така и на членките на Европската Унија, се согласија на денешната средба министерот за надворешни работи Бујар Османи и неговата бугарска колешка Теодора Генчовска, која е дел од високата владина делегација на Република Бугарија, предводена од премиерот Кирил Петков, што денеска престојува во официјална посета на земјава. Како што соопшти МНР, двајцата министри нагласија дека остануваат... Читать дальше...

Дали враќањето на Навални во Русија беше грешка?

SlobodnaEvropa.mk 

Пред една година, најавата на опозицискиот лидер Алексеј Навални дека ќе се врати во Русија беше дочекана со ентузијазам од неговите поддржувачи низ целата земја. Но, по масовната акција што следеше по неговото апсење и затворање, некои се прашуваат дали тоа вредело.

Брнабиќ: Задоволна сум од резултатите на референдумот

SlobodnaEvropa.mk 

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска изјави дека референдумот за промена на Уставот во делот кој се однесува на правосудството е „најважната работа“ што ја направила актуелната влада и дека е задоволна од резултатите, наведувајќи дека бројот на граѓани кои гласале „за“ се повеќе за околу 400.000 од бројот на гласови против. Брнабиќ за ТВ Прва изјави дека излезноста на над 30 отсто од регистрираните гласачи е „исклучително добра“ бидејќи темата за референдумот, за промена на начинот на избор на судиите... Читать дальше...

Најмалку 22 мртви во два земјотреса во Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 22 лица загинаа во земјотресите што во понеделникот го погодија западниот дел на Авганистан, соопштија властите. Според Геолошкиот институт на САД (USGS), земјотреси со јачина од 4,9 и 5,3 степени ја погодиле северозападната провинција Бадгис и предизвикале рушење на куќи и згради. Портпаролот за агенцијата АФП изјави дека меѓу пронајдените мртви во урнатините има и четири деца. Се додава дека биле оштетени повеќе од 700 куќи. Земјотресите можат да предизвикаат значителна штета во Авганистан... Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

К.ВАЛИЕВА, 23 КИТАЙЦА, WADA помогают раскрыть сеть секретных преступных отделов. Дело Скрипалей можно дополнить с пользой.


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
WTA

WTA огорчила Елену Рыбакину после турнира в Мадриде


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Лесопожарные станции в Подмосковье получили новые грузовики





Путин в России и мире
Москва

Посвященную инаугурации Путина марку начали продавать в главпочтамте Москвы


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Польский судья отказался от должности и попросил защиты у Лукашенко. Он обвинил Варшаву в нечестной политике




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире

Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Булат Окуджава

Сотрудники библиотеки №12 им. А.К. Толстого Брянска провели музыкально-литературный вечер к 100-летию со дня рождения поэта Булата Окуджавы



Москва

Директор Сукачева Рогожникова опровергла слухи о его отказе от гастролей в РФ

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net