Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Август
2021

Новости за 10.08.2021

АЗЛП: Проверка на сертификати за имунизација не е злоупотреба на лични податоци

SlobodnaEvropa.mk 

Агенцијата за заштита на лични податоци (АЗЛП) денеска соопшти дека доколку при реализација на одлуката на Владата за спречување на ширењето на Ковид-19, се врши само визуелна проверка на потврдата за извршена имунизација против ковид, по принципот „приложил или не приложил потврда, таквата активност излегува надвор од опсегот на Законот за заштита на личните податоци и не би претставувала злоупотреба на личните податоци. Владата денесе одлука од 16 август да воведува задолжителна потврда за извршена имунизација... Читать дальше...

Оставка на гувернерот на Њујорк поради обвинувања за сексуално вознемирување

SlobodnaEvropa.mk 

Гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо денеска поднесе оставка, по извештајот на њујоршкиот државниот обвинител во кој е утврдено дека сексуално малтретирал 11 жени, пренесува Ројтерс. Куомо, на кој ова му е трет мандат како гувернер, поднесе оставка во време на засилени барања во Парламентот во Њујорк тој да биде отповикан. Јавна исповест на жената која го обвини гувернерот Куомо Државната обвинителка Летиша Џејмс на почетокот на август изјави дека гувернерот ги прекршил државните и федералните закони. Читать дальше...

Активни десетина пожари, под контрола огнот во пехчевско-беровскиот регион

SlobodnaEvropa.mk 

Пожарот во пехчевско-беровскиот регион е ставен под контрола, но уште гори и во кумановскиот и прилепскиот регион, според состојбата со пожарите до 16 часот како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според ЦУК, локализиран е пожарот во селото Разловци во делчевскиот регион, но и оној кај селото Герман во Крива Паланка. Пожарот во Сарај, кај селата Раовиќ и Буковиќ е се уште активен, а пожари има во Чучер Сандево во Скопје кај селото Побожје, каде се запалени три куќи. На лице место е ППБ на град Скопје. Читать дальше...



Николов ја повлекува согласноста да биде премиер на Бугарија

SlobodnaEvropa.mk 

Кандидатот за премиер на Бугарија Пламен Николов предложен од политичката партија „Има таков народ“ ја повлече својата согласност да биде мандатар. Во писмо испратено до претседателката на бугарското Собрание Ива Митева, тој наведува дека ја повлекува својата согласност да биде избран за 56-ти премиер на Бугарија. Бугарските медиуми известуваат дека таков документ ќе биде доставен и до претседателот на државата. Николов наведува дека ваквата одлука ја донел поради лични причини и предлага утре... Читать дальше...

Исчезна генерал обвинет за воени злосторства во БиХ откако му беше одреден притвор

SlobodnaEvropa.mk 

Пензионираниот генерал на војската на босанските Срби, Миломир Савчиќ исчезна откако Судот на Босна и Херцеговина вчера одреди притвор поради кршење на претходно изречените мерки за негирање на геноцидот во Сребреница. Савчиќ (62) требаше да биде во притвор веднаш по одлуката на Судскиот совет, но полицијата не го пронашла на неговата домашна адреса, а неговиот адвокат тврди дека не знае каде е неговиот клиент. Савчиќ за време на војната во БиХ беше близок соработник на Ратко Младиќ, а беше обвинет... Читать дальше...

Утре се отвораат четири нови пункта за ковид-вакцинација во Скопје

SlobodnaEvropa.mk 

Поради зголемениот интерес за вакцинација од утре се отвораат четири дополнителни пункта за имунизација против ковид-19 во Скопје во поликлиниките Бит Пазар, Драчево, Ченто и Ѓорче Петров, информира Министерството за здравство (МЗ). Во две смени, како што посочуваат оттаму, ќе работат пунктовите во Чаир, Јане Сандански, Букурешт и Бит Пазар. Во прва смена ќе работат Шуто Оризари, Драчево и Ченто. „Вакцини има доволно, во сите пунктови се надополнуваат подеднакво потрошените количини. На располагање... Читать дальше...

Австриски пожарникар префрлен на клиника откако се повредил во кампот кај Пехчево

SlobodnaEvropa.mk 

Пожарникар од австрискиот камп стациониран кај Пехчево утрово се повредил и во моментов се наоѓа на скопска клиника каде му се укажува помош. „Нашиот колега од Австрија се повредил во самиот камп. Имал повреда на грбот“, информираа од противпожарната единица од Берово. Австриските пожарникари и денеска се на најкритичното подрачје во село Митрашинци, каде што заедно со колегите од Словенија и Бугарија го контролираат пожарот кој неколку дена прави проблеми во Беровскиот регион.

Меси постигна двегодишен договор со ПСЖ

SlobodnaEvropa.mk 

Лионел Меси се согласи да се приклучи на францускиот клуб Париз Сен Жермен (ПСЖ), по неговото ненадејно заминување од Барселона, потврди денеска неговиот татко. Би-Би-Си јавува дека фудбалерот договорил двегодишен договор со ПСЖ. Договорот, кој може да се продолжи и до три години, подложи на лекарски преглед. Новинарите на Ројтерс го видоа Меси и неговиот татко Хорхе како пристигнуваат на аеродромот во Барселона, откако францускиот весник „Л’Екип“ и шпанскиот весник „Мундо Депортиво“ објавија... Читать дальше...



Победничката партија во Бугарија го повлече предлогот за влада, отворен патот за нови избори

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарија се движи кон нови избори, откако антиестаблишмент партијата Има таков народ на шоуменот Слави Трифонов, која тесно победи на минатомесечните избори, се откажа од напорите за формирање влада. Во денешното телевизиско обраќање, Трифонов рече дека партијата одлучила да не предложи влада, откако две од партиите на „протестот“ соопштија дека нема да ја поддржат. Трифонов: би било предавство ако протестните партии не гласаат за новата бугарска влада На изборите на 11 јули, Има таков народ... Читать дальше...

Нови 518 случаи на коронавирус, четворица починати

SlobodnaEvropa.mk 

Во изминатото деноноќие се регистрирани 518 нови случаи на коронавирус во Македонија, а четворица луѓе починале. Направени биле 5.809 тестирања, информира Министерството за здравство. Ковид мерки- После свадба тапани Најмногу нови случаи има во Скопје – 179, па следи Тетово со 96, Гостивар 65, Куманово 35, Кичево 29, Струга 20, Битола 14, Охрид и Струмица по 11, Дебар 10, Кавадарци 7, Велес 6, Кочани 5, Прилеп и Берово по 4, Штип, Виница и Македонски Брод по 3, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Делчево и Пехчево по 2 и во Крива Паланка... Читать дальше...

Штрајк заради поголеми плати на германските машиновозачи

SlobodnaEvropa.mk 

Синдикатот на машиновозачи на германската железница Дојче бан, повика на штрајк кој би требало да трае до петок, а е поддржан од 95 отсто од членовите. Синдикатот за денеска најави акција која прво ќе ги опфати товарните возови. Нормализиран железничкиот сообраќај, прекинат бојкотот на машиновозачите Синдикалниот лидер Клаус Веселски рече дека „глобалната акција“, штрајк кој ќе се прошири и на останатите возови ќе трае од среда до петок. Синдикатот бара зголемување на платите за 3,2 отсто и еднократен „коронавирус бонус“ од 600 евра. Читать дальше...

Од Евиа во неделата заминале 38 македонски државјани

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за надворешни работи соопшти дека грчкиот остров Евиа, каде беснеат пожари, во неделата безбедно го напуштиле 38 од 39 туристи македонски државјани, а еден останал и е сместен во безбедниот јужен дел од островот. Грците гневни поради пожарите, Мицотакис се извини „Инаку, Амбасадата стапи во контакт со лицето и во моментот нема опасност од пожари во делот каде е сместен“, наведуваат од МНР. Министерството претходно, денеска упати апел за претпазливост при патување или престој... Читать дальше...

Прослава на „висока нога“ за 20 години Рамковен

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 15 милиони евра во изминативе пет години „искеширала“ од буџетот за печатење на книги фирмата Арбериа Десинг што ќе го организира поголемиот дел од настанот за прославата на 20 годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, покажуваат податоците од владината дата база „Отворени финансии“. Вториот дел од набавката го доби фирмата друштво за промет и туризам ЕУРО- Турист Зибер Дооел Тетово. Поканети се 300 гости, а за прославата ќе бидат потрошени половина милион евра.

За да добиеш интернет во Туркменистан треба да се заколнеш врз Куранот дека нема да користиш ВПН

SlobodnaEvropa.mk 

Интернет корисниците во строго контролираниот Туркменистан во Централна Азија вели дека биле принудени да се заколнат врз Куранот дека нема да користат Виртуелни приватни мрежи (ВПН). Неколку интернет корисници во екстремно изолираната поранешна советска република за Радио Слободна Европа рекоа дека од властите биле натерани да се заколнат врз светата книга на муслиманите дека никогаш нема да користат ВПН откако аплицирале за интернет врска во нивниот дом. Русија чекор поблиску до забрана за... Читать дальше...

Утре локален пороен дожд, пад на температурите за 3 до 5 степени

SlobodnaEvropa.mk 

Од утре попладне ќе има зголемување на облачноста проследено со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе има услови и за изолирана појава на град. Максималните температури ќе се намалат за 3 до 5 степени, информира УХМР. Горештините енормно ја зголемија потрошувачка на вода и струја Од четврток, од УХМР најавуваат стабилно време со просечни температури за овој период од годината. До крајот на денот ќе преовладува сончево и многу топло, со умерен, а вдолж Повардарието и во источните... Читать дальше...

САД: Авганистанците треба да си ја бранат државата

SlobodnaEvropa.mk 

Соединетите држави соопштија дека авганистанските безбедносни сили треба да ја бранат земјата, откако талибанските милитанти го зазедоа шестиот главен град на провинцијата на 9 август, заедно со граничните градови и трговските патишта. Претседателот Џо Бајден изјави дека американската воена мисија во Авганистан ќе заврши на 31 август, тврдејќи дека авганистанскиот народ мора да одлучи за својата иднина и нема да испрати втора генерација Американци во 20-годишна војна. Американскиот пратеник... Читать дальше...

Горештините енормно ја зголемија потрошувачка на вода и струја

SlobodnaEvropa.mk 

Македонците трошат во просек по 2,5 пати повеќе вода од жителите на Европската унија. Две третини од водата е потрошена, а не се фактурира. Во јули годинава била потрошена 10 отсто повеќе струја отколку во истиот месец лани.

„Предизборен поткуп“ гледан од позиција на власт или од опозиција

SlobodnaEvropa.mk 

Парични награди на административци во 30 институции со што се врши предизборен поткуп, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Владината уредба објавена во Службен весник ден пред распишување на локалните избори наградува вработени со додаток од 15 до 30 отсто од основната плата. Дали станува збор за предизборен поткуп?

Грците гневни поради пожарите, Мицотакис се извини

SlobodnaEvropa.mk 

Гневот во Грција поради владиниот одговор на шумските пожари се зголемува што го натера премиерот Киријакос Мицотакис јавно да се извини. Противпожарните служби се пожалија дека немаат доволно средства.


Музыкальные новости
Александр Розенбаум

«Это не бомжовые заведения»: 72-летний Александр Розенбаум зарабатывает миллионы на пивном бизнесе





Персональные новости
ВДНХ

Сергей Трофимов выступит с летним концертом в Зеленом Театре ВДНХ





Денеска жолта и портокалова фаза поради високи температури

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска, како што соопшти Управата за хидрометеоролошки рабови (УХМР), ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува умерен, на места повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 42 степени. УВ индексот ќе достигне 9. Дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината, поради што ќе биде активирана жолта, а во југоисточниот дел од земјата портокалова фаза за опасност од високи температури. Во Скопје и околината ќе... Читать дальше...

Свадбите во Тетово донесоа пари, но и ковид

SlobodnaEvropa.mk 

Печалбарите донесоа повеќе пари и направија свадби во Тетово, ама го зголемија и бројот на болни од ковид-19. Освен што ја раздвижија економијата, ги наполнија и болниците.

Во гасењето на пожарите се вклучиле 1500 припадници на Армијата

SlobodnaEvropa.mk 

Во изминатите десетина дена од избувнувањето на пожарите во Македонија, 1500 припадници на Армијата се вклучиле во справувањето со огнената стихија. Како што соопштија надлежните, детални информации за ангажманот на армиските припадници од земја и од воздух, денеска ќе бидат соопштени на прес конференција во Центарот за обука на пилоти, касарна „Страшо Пинџур” - Петровец. За деталите за армиските активности во гасењето на пожарите ќе ги соопштат министерката за одбрана Радмила Шекеринска, бригадниот генерал Бесник Емини... Читать дальше...

Јужна Кореја и САД одржуваат заеднички воени вежби

SlobodnaEvropa.mk 

Јужна Кореја и Соединетите држави започнаа прелиминарни воени вежби во вторник и покрај предупредувањето на Северна Кореја дека вежбите ќе ги нарушат знаците за меѓукорејското затоплување. Вежбите се состојат главно од компјутеризирани симулации без обука на терен во живо што вклучува војници со седиште во САД, во светлина на пандемијата на коронавирус. Вежбите, наречени Обука на персоналот за управување со кризи, кои се дизајнирани да ја испитаат подготвеноста на сојузниците да реагираат на потенцијална... Читать дальше...

Сенатот на САД пред одобрување на договорот за инфраструктурата од трилион долари

SlobodnaEvropa.mk 

По неколкумесечни преговори и одложувања, американскиот Сенат денеска би требало да гласа за двопартискиот договор за инфраструктурата од 1 трилион долари. Законодавството, кое се наоѓа на врвот на домашната агенда на демократскиот претседател Џо Бајден, ја отстрани важната процедурална пречка во неделата, кога Сенатот ја изгласа со 69 гласа за и 28 гласа против, поддршката на одредбите содржани во планот од 2.702 страници. Сенатот, исто така, гласаше со 68 гласови против 29 за да се ограничи понатамошната расправа на максимум 30 часа... Читать дальше...

Парламентот на Литванија ќе расправа за рекордниот број мигранти на границата со Белорусија

SlobodnaEvropa.mk 

Литванскиот парламент денеска во Вилнус ќе одржи вонредна седница за рекордниот број мигранти кои ја минуваат границата со Белорусија. Литванските власти го обвинуваат Минск дека користи илегални премини за да изврши притисок врз државите на Европската унија. Освен Литванија и Полска бележи пораст на илегалната миграција во последните неколку недели. Ситуацијата е сериозна, оценуваат двете земји кои веќе апелираа до ЕУ за помош. Литванија ќе „употребува сила“ против илегалните мигранти Властите... Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

Андрей Мидловец выиграл якутский финал на первенстве России


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Новак Джокович

Кто отец Дианы Джокович?


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Huawei представила IDS на 26-м Всемирном энергетическом конгрессе





Путин в России и мире
Москва

Мария Захарова раскритиковала высказывание Нэнси Пелоси о Путине и протестах в США


Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире

Навальный в России и мире
Москва

Дух разделения в Святой Руси, или Можно ли лишиться сана за отпевание Навального*



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Баста

"Новосибирск, бро, за всё прости": концерт Басты на "Сибирь-Арене" собрал аншлаг



Москва

Никита Говоров из Лобни примет участие в шоу «Суперниндзя. Дети»

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net