Јункер смета дека Трамп нема да воведе нови царини за европските автомобили
Претседателот во заминување на Европската Комисија, Жан Клод Јункер смета дека претседателот на САД, Доналд Трамп нема да воведе нови тарифи за увоз на европски автомобили. Тој вели дека Трамп малку ќе критикува, но дека ќе нема дополнителни царини за автомобилите. Јункер во интервју за Зидојче цајтунг вели дека потполно е запознаен со работите и дека Трамп тоа нема да го направи. Администрацијата на Трамп веќе воведе царини за производи од челик и алуминиум и за земјоделски производи од Европската унија. Читать дальше...
