Санадер осуден на 4 и пол години затвор за мито
Хрватскиот Врховен суд денеска правосилно го осуди поранешниот премиер на земјата и претседател на Хрватска демократска заедница, Иво Санадер на 4 и пол години затвор под обвинение за примање и давање мито во случајот „Планинска“. Санадер е осуден дека примил над 2 милиони евра од Стјепан Фиолиќ, чија фирма ја продаде зградата на Министерството за регионален развој во загребската „Планинска улица“. На една година условно е осуден Младен Млинаревиќ, чија фирма ја зголемила вредноста на зградата, како и Фиолиќ, кој ја призна вината. Читать дальше...