Комисијата за избори и именувања ја продолжува седницата за уставните судии
Денеска треба да продолжи седницата на собраниската Комисија за избори и именувања за изборот на уставните судии. Ова вчера го најави претседателот на Собранието Талат Џафери по координативната средба со потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, координаторите на пратеничките групи СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците, претставниците на Алтернатива и БЕСА и претставникот од Владата Бојан Маричиќ.
Комисија за избори и именувања го утврди предлогот Фатмир Скендер да биде избран за уставен судија
Џафери на средбата соопштил дека на 14 септември 2022 година е планирано одржувањето на првата нова седница на Собранието, а дополнително ги информирал присутните и за следните планирани активности во законодавниот дом.