Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Август
2022

Новости за 22.08.2022

ЦУК: Поголем дел од селото Лажани е под вода

SlobodnaEvropa.mk 

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека попладнево општина Прилеп, Долнени и Кривогаштани биле зафатени од поројни дождови кои предизвикале поплавување на повеќе населени места од општината Долнени. Поплавување има во селата Лажани, Дебреште и Житоше. „Најкритично е во село Лажани каде поголем дел од селото е под вода. Водата има навлезено во куќите“, соопшти ЦУК. Невремињата стануваат почести, тешко е да се прогнозира нивниот интензитет   Најмногу дожд до 20 часот наврнало во Виница 55 л/м2... Читать дальше...

Негативен е тестот за дрога на финската премиерка Марин

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерката на Финска, Сана Марин е негативна на тестот за дрога, информираше Владата. Премиерката беше тестирана за дрога откако тоа беше побарано од неа, поради видео снимка која протече во јавноста, а на која се гледа како таа танцува со пријателите на приватна забава. По објавата на видео снимката 36-годишната Марин беше предмет на жестоки критики кај дел од јавноста. Таа изјави дека е вознемирена што видеото од нејзиното танцување на приватна забава било објавено на интернет бидејќи било наменето само за пријателите. Читать дальше...

Запленети речиси 10.000 уреди за ископување криптовалути во Иран

SlobodnaEvropa.mk 

Иранските власти соопштија дека заплениле 9.404 илегални уреди за ископување криптовалути во Техеран од крајот на март. Во последниве години, иранските власти континуирано најавуваа откривање на нелегални уреди за ископување криптовалути во различни делови на земјата. Биткоинот и другите криптовалути се создаваат преку процес кој бара огромни количини електрична енергија. Некои единици за криптоминирање кои работат во Иран, наводно, биле лоцирани на локации како што се училишта и џамии кои добиваат електрична енергија бесплатно. Читать дальше...



Шведската полиција деактивираше експлозивна направа во центарот на Стокхолм

SlobodnaEvropa.mk 

Шведската полиција деактивираше експлозивна направа пронајдена во центарот на Стокхолм во неделата, каде се одржувал културен фестивал на отворено. Паркот каде била пронајдена експлозивната направа е едно од местата во главниот град каде што се одржува годишниот фестивал на култура. Од полицијата велат дека истрагата е во тек.  „Полицијата веќе разговараше со сведоци и врши проверка на снимките од безбедносните камери од местото на настанот“, изјави началникот на полицијата во областа Стокхолм, Ерик Акерлунд. Читать дальше...

Во последните три дена регистрирани нови 614 случаи на Ковид-19, починати 10

SlobodnaEvropa.mk 

Во последните 3 дена (од 19.08 до 21.08.2022) направени се 1.804 тестови, а регистрирани се 614 нови случаи на ковид-19. Од вкупниот број на позитивни, 132 се реинфекции. Регистрирани сe 1.014 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 3 дена (19.08 - 21.08.2022) пријавени се 10 починати лица, од: по 2 починати лица од Охрид (70г и 88г) и Куманово (73г и 83г) и по едно починато лице од Скопје (82г), Велес (80г), Гостивар (81г), Струмица (82г), Пробиштип (76г) и Штип (85г). Со нов вирус... Читать дальше...

Мијалков се пријави во струшкиот затвор за отслужување на затворската казна за случајот „Империја“

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контра разузнавање (УБК) Сашо Мијалков денеска се пријавил во затворот во Струга за отслужување на тригодишната затворска казна за случајот „Империја“, потврдуваат од Управата за извршување на санкции. Претходно Мијалков се спогоди со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и освен казната затвор му се одзема и имот вреден над 30 милиони евра. По ова поранешниот директор на УБК ја смени адресата на живеење од Скопје во Охрид... Читать дальше...

Отворена „банкарска војна“ – перење пари преку фиктивни кредити

SlobodnaEvropa.mk 

Убиство со умисла на Еуростандард по налог на сивата банкарска еминенција, обвинува најголемиот акционер во банката Трифун Костовски. Признава соучество во криминална банкарска шема откриена во истрагата на банкарските експерти Драго Кос и Ирена Фрачековиќ, а која е финансирана од Костовски. Нерелевантни и неточни се нивните тврдења велат од Народната Банка.

Советот на јавни обвинители в среда ќе ја разгледа жалбата на Русковска за нејзината суспензија

SlobodnaEvropa.mk 

Советот на јавни обвинители в среда ќе ја одржи 63-тата седница, на чиј дневен ред ќе се најде жалбата за суспензија на обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска. Одлуката за свикување на седницата е објавена на веб-страницата на Советот на јавни обвинители, а на дневен ред, како прва точка се предлага разгледување и решавање по жалбата на јавниот обвинител на обивнителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска. Обвинителката Русковска... Читать дальше...



Костовски: Во случајот со Еуростанард банка вмешани многу институции

SlobodnaEvropa.mk 

„Еуростандард банка беше убиена со умисла“, изјави мнозинскиот акционер на Еуростандард банка Трифун Костовски на прес конференцијата на која тим од странски експерти за банкарски криминал предвоен од европскиот експерт Драго Кос го презентираа извештајот за пропаѓањето на Еуростандард банка. Кос изјави дека дошол до сознанието оти во Македонија од 2004 до 2020 е поставен систем за незаконско финансирање од банките. Според извештајот, шемата функционирала таков начин што одредена банка идентификувала... Читать дальше...

Лајчак и Ескобар оваа недела во Белград и Приштина

SlobodnaEvropa.mk 

Специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот меѓу Србија и Косово Мирослав Лајчак и американскиот специјален пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар најверојатно ќе ги посетат Приштина и Белград, дознава Радио Слободна Европа од сигурни дипломатски извори во Брисел. Посетата ќе се случи во текот на оваа недела и има за цел уште еднаш да се разговара со страните за да се најде решение за издавање на влезно-излезни документи за српските државјани кои доаѓаат на Косово. На 18 август... Читать дальше...

Американски војници во мисијата КФОР вежбаат на Криволак

SlobodnaEvropa.mk 

Американски војници во мисијата на КФОР на два хеликоптера УХ-60 „Блек Хок“ вршат обука на воениот полигон „Криволак“, соопшти денеска Генералштабот на Армијата на Северна Македонија. Вежбата на припадниците на вооружените сили на САД, кои се дел од мисијата на НАТО на Косово, започна на 20 август и ќе трае до 26 август. Исто така се посочува дека ваквиот тип на обука на припадниците на вооружените сили на САД во рамките на мисијата КФОР, што се спроведуваше и претходно, ја потврдува и промовира... Читать дальше...

Граѓаните дигнаа раце од изборите, Беса победи, сите други изгубија

SlobodnaEvropa.mk 

Малата излезност на вонредните локални избори покажа дека луѓето изгубиле доверба во политичарите. Во Тетово на изборите излегле 9000 луѓе помалку од ланското гласање. Сите партии имаат помалку советници, освен Беса која има четири советници повеќе и ДУИ кои имаат плус еден. Да не беше дијаспората Маврово-Ростуше и Центар Жупа немаше да изберат градоначалник.

Муслиу - Колку доверба, толку гласови на изборите

SlobodnaEvropa.mk 

Доколку политичарите не ја слушнат пораката што им ја испратија граѓаните на овие избори, може да се појават нетрадиционални политички партии кои ќе привлечат поголем број на гласачи, вели Муслиу. Како ќе одговорат на пораките, такви и резултати ќе жнеат, вели тој за РСЕ.

Црногорската влада цел на голем хакерски напад

SlobodnaEvropa.mk 

Серверите на Владата на Црна Гора се цел на сајбер напад, соопшти денеска Министерството за јавна администрација, додавајќи дека ова се најсофистицираните напади што досега се случиле во Црна Гора. Како што соопшти ова министерство, прелиминарните податоци покажуваат дека нападите се состојат од комбинација на неколку различни методи на сајбер напади. „Засега е потврдено дека раното откривање на нападот овозможило клучните системи да останат заштитени, но се утврдува степенот на штетата, по што ќе бидат дадени попрецизни информации“... Читать дальше...

Стопанска комора: бизнисот не може да го издржи ударот од цената на струјата

SlobodnaEvropa.mk 

Во овој момент нема поголем проблем за македонската економија од цената на струјата. Владата мора да најде избалансирани решенија кои ќе му овозможат на бизнис секторот да преживее. Ако тоа не се случи, многу фирми ќе се затворат и ќе се изгубат голем број работни места, соопштија претставници на Стопанската комора на денешната прес конференција. Според Комората, потребна е итна реакција, бидејќи ризициите се зголемуваат. Комората очекува нејзините предлози оваа недела да бидат и прифатени од Владата. Читать дальше...

Иран ги обвинува САД за запирање на нуклеарните преговори

SlobodnaEvropa.mk 

Иран тврди дека Вашингтон „одолговлекува“ во индиректните преговори за заживување на историскиот нуклеарен договор и оти размената на затвореници со САД не е поврзана со нуклеарните разговори. Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Насер Канани, на денешната прес-конференција во Техеран рече дека само неколку точки мора да се решат во разговорите, но тие се многу важни. „Американците одолговлекуваат и има неактивност од европските страни...На Америка и Европа им треба договор повеќе отколку на Иран“... Читать дальше...

Јужна Кореја и САД ја започнаа најголемата заедничка воена вежба во последните години

SlobodnaEvropa.mk 

Јужна Кореја и Соединетите држави денеска ја започнаа најголемата заедничка воена вежба во последните години, чија цел, како што се наведува, е зајакнување на одбранбената позиција против заканите од нуклеарно оружје на Северна Кореја. Вежбата „Штитот на слободата“, која се одржува во Јужна Кореја, ќе трае до 1 септември, а вклучува маневри на теренот со авиони, воени бродови, тенкови и потенцијално десетици илјади војници. За време на вежбата, која започна во врска со четиридневната програма за обука на цивилната одбрана на Јужна Кореја... Читать дальше...

Кој кого уценувал и кој е жртва - вие коментирате!

SlobodnaEvropa.mk 

Рускоска - Муареми, судири, уцени, криминал, корупција, политичари... и изборите, секако се во вашиот фокус на коментари и мислења на информациите објавени на нашата Фејсбук страница.

Пакистанската полиција поднесе обвиненија за тероризам против поранешниот премиер Кан

SlobodnaEvropa.mk 

Полицијата поднела обвиненија за тероризам против поранешниот пакистански премиер Имран Кан, соопштија денеска властите, потег што најверојатно дополнително ќе ги ескалира политичките тензии во земјата. Обвиненијата за тероризам следуваат по говорот на Кан во Исламабад во кој тој вети дека ќе ги тужи полицајците и судијата и тврдеше дека близок соработник бил мачен по неговото апсење. Опозициската партија на Кан, Техрик-е-Инсаф, објави онлајн видео снимки на кои се прикажани поддржувачи кои го опкружуваат... Читать дальше...

Стопанската комора за проблемот со цената на струјата и опстанокот на фирмите

SlobodnaEvropa.mk 

Стопанската комора на Северна Македонија на денешната прес-конференција, како што е најавено, ќе се осврне врз проблемот со цената на струјата од која зависи опстанокот на фирмите и работните места. На средбата, што во јули се одржа меѓу Македонската енергетска асоцијација и претставници на Владата, беше побарано да се зголеми домашното производство на електрична енергија со вклучување на ТЕЦ Неготино и гасната електрана ТЕ-ТО, електричната енергија произведена од повластените производители на енергија... Читать дальше...

Свечља: Вучиќ ги извртува фактите за косовската полиција

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за внатрешни работи на Косово Џељал Свечља изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ „лажел“ кога зборувал за надлежностите на косовската полиција, „намерно извртувајќи ја обврската од минатото“ која се однесува на косовската армија. „Министерот за пропаганда на Милошевиќ, Вучиќ, на прес-конференцијата лажеше за косовската полиција. Обврската од минатото дека војската на Косово не може да влезе на север без согласност на КФОР е намерно извртена. Косовската полиција е овластена... Читать дальше...

Американски бомбардери Б52 денеска над Скопје

SlobodnaEvropa.mk 

Два американски бомбардера од типот Б52 денеска попладне ќе го прелетаат Скопје, соопшти македонското Министерство за одбрана. Како што е најавено, два воени авиона Б52 на американското воено воздухопловство во Европа и Африка во 14:35 часот ќе го надлетаат Скопје. Летовите на тие авиони, се посочува, демонстрираат силен сојуз во НАТО и претставуваат гарант за целата евроатлантска област, вклучително и за Северна Македонија. Авиони на САД над Скопје ќе го поздрават македонското членство во НАТО... Читать дальше...

Времето денеска: променливо облачно, посвежо и нестабилно

SlobodnaEvropa.mk 

Променливо облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално во попладневните часови ќе има услови за појава на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Дневната температура ќе се движи од 21 до 30 степена. Во Скопје и околината слично време, со температура до 29 степени.

Спорт в России и мире
Москва

Московские школьники стали победителями всероссийской олимпиады по математике


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Новак Джокович

Кто отец Дианы Джокович?


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

В Москве в парке нашли труп мужчины





Путин в России и мире
Москва

Поведение Путина вызвало резонанс, потерянные в 90–е заводы возвращаются РФ


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Это - война: литовские беспилотники попытались атаковать Минск




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире

Навальный в России и мире
Москва

Басманный суд Москвы арестовал продюсера Reuters Константина Габова за помощь ФБК в подготовке материалов



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Эстрада

Смешарики и «Академия Эстрада Тинс» выпустили трек «Попурри»



Москва

Москва. Народная приемная КПРФ в ВАО. Сухо в доме будет, но в 2035 году

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net