23 загинати во судирите меѓу ривалските шиитски групи во Багдад
23 лица биле убиени во насилствата што избувнале во Зелената зона во Багдад кога следбениците на влијателниот ирачки свештеник Моктада ал-Садр упаднале во владините згради во услови на зголемени тензии со ривалските шиитски групи поддржани од Иран. Најмалку 380 други биле ранети во вчерашните немирите што избувнаа по најавата на Ал Садр дека ќе поднесе оставка од политиката. Иран ги затвори своите копнени граници кон Ирак на 30 август откако летовите кон земјата беа стопирани поради насилството. Одлуката дојде додека милиони Иранци се подготвуваа да го посетат Ирак на годишен аџилак на шиитските места.
Најмалку 12 загинати и 270 ранети во немирите во Багдад
Иранската државна телевизија ги наведе „немирите“ и „полицискиот час“ во ирачките градови како причина за затворањето на границите. Таа ги повика Иранците да избегнуваат какво било патување во Ирак и ги повика иранските аџии во Ирак да избегнуваат понатамошни патувања меѓу градовите. Во меѓувреме, Кувајт ги повика своите граѓани во Ирак да ја напуштат земјата. Мисијата на Обединетите нации за помош во Ирак (УНАМИ) ги нарече немирите „исклучително опасна ескалација“ и исто така ги повика сите страни „да се воздржат од дејствија што можат да доведат до незапирлив синџир на настани“.