Препораки за промена во учебници во Софија и Скопје и заедничко чествување на историски личности
Заедничко чествување на пет историски личности и по пет препораки за измени во историските учебници за 5 клас во Бугарија и за шесто одделение во Македонија, досега постигнала заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања. Историските личности се од среден век, а учебниците се однeсуваат на периодот на антиката. Сега на потег се Владите.