Нови 844 случаи со ковид-19, тројца починати во изминатите 24 часа
Во последните 24 часа регистрирани се нови 844 случаи со ковид-19 од направени 1.890 тестови, три починати лица од Скопје (72г,76г и 83г) и 815 оздравени пациенти.
Трите лица се починати во болнички услови. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“ се регистрирани три починати лица, од Тетово (85г), Кавадарци (74г) и од Охрид (70г). Две лица се починати во домашни услови и еден во болнички услови. Лицата за починати се пријавени во период од 5 јули до 30 јули, соопшти Министерството за здравство.
„Живеење со ковид“: Каде може да оди пандемијата?
Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 188 реинфекции.
Досега во земјата се направени вкупно 2.123.580 тестирања на ковид-19. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 330.016, бројот на оздравени пациенти е 316.490, на починати е 9.387, а на активни случаи изнесува 4.139.
Комисијата за заразни болести утре ќе одржи состанок на којшто ќе биде разгледана актуелната епидемиолошка состојба со коронавирусот.
Најголем број на активни случаи во моментов има во главниот град – 1 749, додека Пехчево и Дојран имаат по еден активен случај.
Некои од земјите во регионот веќе почнаа да воведуваат мерки за заштита од ковид-19.