Шпанскиот премиер Санчез во посета на Тирана
Премиерот на Шпанија Педро Санчез, во рамките на неговата балканска турнеја претпладне ќе допатува во Тирана. Според кабинетот на албанскиот премиер Еди Рама, по церемонијата на пречекот и средбата на двајцата премиери во 11 часот тие ќе одржат прес-конференција. Тој во Тирана ќе допатува од Скопје при што на прес-конференцијата по средбата со премиерот Димитар Ковачевски изјави дека Северна Македонија е во Европа, како географски, така и историски и дека сега земјава е еден чекор поблиску до посакуваната цел. Тој додаде дека Македонија може да смета на поддршката од Шпанија за следните чекори за членство во ЕУ.
Санчез во Скопје - Вреди да се биде дел од ЕУ
Санчез претходно ги посети Белград, Сараево и Мостар, ќе ја посети и Подгорица, но ќе ја заобиколи Приштина. Турнејата се очекува да биде негова последна меѓународна активност пред летниот одмор. На 26 јуни, за време на состанокот на лидерите на Европската унија во Брисел, Санчез беше за ревитализирање на процесот на проширување“ за земјите од Западен Балкан.