Повредени полицајци на „Парада на гордоста“ во Украина
Жестоки судири избиле меѓу украинската полиција и екстремно десничарската националистичка група „Традиција и ред“, која се обидувала да го попречи годишниот ЛГБТ „Марш на гордоста“ во пристанишниот град Одеса. Полицијата приведе најмалку 51 припадник на „Традиција и ред“, вклучувајќи го и шефот на ултра-националистичката група.
Украинската служба на РСЕ објави дека членовите на „Традиција и ред“ користеле солзавец против полицијата, бидејќи органите на прогонот ја одделиле неонацистичката група од неколку стотици ЛГБТ активисти, кои се собрале да ја одбележат годинешната „Парада на гордоста“.
"Група млади луѓе започнаа да ја напаѓаат полицијата без причина. Јасно е дека полицијата користеше соодветни средства за да го спречи насилството", изјави Микола Семенишин, шеф на Националната полиција во Одеската област.
Правата на ЛГБТИ унапредени, но хомофобијата се уште присутна
Како резултат на судирите, 29 полицајци биле повредени, главно поради реакција на солзавецот. Полицијата соопшти дека покренала кривична постапка против членовите на „Традицијата и редот“ поради закана или насилство против службеник за спроведување на законот, немири и хулиганство.
ЛГБТ активистите беа подготвени на провокации , откако минатогодишниот настан беше обележан со инциденти од членови на Традиција и ред кои ја нападнаа полицијата и учесниците на „Парадта на гордоста“ во Одеса. Според извештајот на американскиот Стејт департмент за човекови права, минатата година имало лоша комуникација помеѓу организаторите на Парадата на гордоста и полицијата, што придонесе за несоодветна заштита на собирот.