Нова експлозија кај аеродромот во Кабул
Голема експлозија одекнала во близина на аеродромот во Кабул, само неколку часа откако Стејт Департментот ги предупреди сите американски граѓани веднаш да го напуштат аеродромот. Денеска Стејт департментот издаде предупредување до сите американски граѓани да ја напуштат областа во близина на аеродромот поради „специфична, веродостојна закана“.
Бајден: Можен е нов напад на аеродромот во Кабул
Анти-талибанските сили: Подготвени сме на преговори, но нема да се предадеме
Поранешен владин претставник за АФП изјави дека станува збор за ракета која, според првите информации, погодила куќа во близина на аеродромот.
Сѐ уште не е познато дали има жртви во нападот.
Претходно и американскиот претседател Џо Бајден предупреди дека е многу веројатен нов напад на аеродромот посочи и дека вчерашниот американски напад врз припадници на Исламска Држава (ИСИС-К) нема да биде последен одговор.
Американската војска соопшти дека во вчерашниот напад со дрон биле убиени двајца припадници на Исламска Држава (ИСИС-К)во Авганистан.