Рама ги повика Демократите на соработка
Албанскиот премиер и лидер на Социјалистичката партија, Еди Рама, ја повтори поканата до опозициската Демократска партија (ПД), за соработка и покрај, како што рече, нивната реторика и постапки.
„Нашата рака за соработка за ПД ќе биде подадена безусловно без оглед на однесувањето, реториката или постапките на нашите ривали. Вербалниот конфликт повеќе не треба да биде клучниот збор на политичкиот и парламентарниот живот. Затоа ние нужно мора да се промениме во овој поглед, независно од нивното однесување, што ги доведе до јамата каде што паднаа. Многу лесно е да се каже, многу тешко е да се направи“, рече Рама.
Тој нагласи дека неговата партија нема да потпаѓа под провокации, туку ќе работи, како и до сега само во интерес на албанските граѓани.
Рама најави нов состав на Влада за следната недела
Тој алудираше на поранешниот претседател и поранешен премиер, Сали Бериша кој на изборите на 25 април освои пратенички мандат, а истиот во САД е прогласен за „пресона нон грата“ заедно со семејство.
Поради тоа американската амбасадорка во Тирана Јури Ким од лидерот на демократите Љуљзим Баша, побара да го повлече Бериша од пратеничката група, но Бериша изјави дека нема намера да се повлече и во меѓувреме поднесе тужба до Парискиот суд против американскиот државен секретар Ентони Блинкен за клевета.
Блинкен во мај годинава објави дека Соединетите Држави им забраниле на Бериша и неговото семејство влез во таа земја, наведувајќи го фактот дека САД официјално ги сметаат него и неговото семејство за корумпирани.