Филипче повика на максимално почитување на мерките
Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека на утрински состанок со членовите на Комисијата за заразни болести и со претседателката на Националниот комитет за имунизација, ја разгледувале епидемиолошката состојба „која од ден во ден станува сѐ посериозна.
Тој посочи дека менаџирањето на ситуацијата индицира на сериозна потреба од одговорност од страна на граѓаните, особено од денеска кога стапуваат на сила новите мерки.
„Процесот на вакцинација се одвива непречено на сите пунктови низ државата и се надеваме дека овој тренд на зголемена заинтересираност и натаму ќе продолжи“, вели Филипче.
Од денеска со сертификат за ковид за влез во кафулиња и на натпревари
Тој повика на максимално почитување на мерките, држење дистанца, редовно водење хигиена и вклучување во процесот на имунизација.
„Вакцините штитат од тежок тек на болеста, од смртен исход и го отежуваат неконтролираното ширење на вирусот“, вели Филипче.
Од почетокот на август бројот на ковид инфекции расте во земјава. Во моментов активни се 5.761 случаи, од кои најмногу во Скопје и Тетово.