Во Турција во гаснењето пожари помага брод за итни случаи
Првиот турски брод за итни случаи „Нене Хатун“, помага во гаснење на шумските пожари, и пристигна во подрачјето на провинцијата Мугла.
Овој брод, долг 88 метри и широк 18 метри, обезбедува помош во итни ситуации веќе шест години.
Меѓу другото, бродот има болница со можност да прими 20 пациенти, а на него работат повеќе од 40 членови на екипажот во смени.
Пекол на Земјата: шумски пожари од Југоисточна Европа до Сибир
Инаку, овој брод, покрај гаснењето пожари, има и бројни улоги на отворено море, како спасување жртви од бродоломи, нуркачки спасувачки мисии, детектирање на загадување на морето…
На него има и хелиодром, а направен е да ги издржи сите временски услови.
„Од вкупно 208 шумски пожари во 44 градови во Турција, 196 се ставени под контрола“, изјави вчера турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Шумските пожари се активни во уште пет градови: Анталија, Мугла, Испарта, Ајдин и Денизли. Продолжуваат активностите за нивно ставање под контрола.