СДСМ – Заев е на терен, Мицкоски држи прес-конференции од климатизирана канцеларија
Премиерот Зоран Заев е на терен, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски држи прес-конференции со монтажи на скапи лед екрани од климатизираниот Медија центар во прескапиот бел дворец, реагира СДСМ на барањето на Мицкоски да се формира централно кризно тело за справувањето со пожарите.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта за неспособност.
СДСМ реагира дека Мицкоски е политички пироман кој сака да профитира од пожарите.
„Државата е тука за граѓаните, системот функционира, сите надлежни институции, на централно и локално ниво се активни за справување со пожарите, и заедно ќе успееме“, стои во соопштението на СДСМ.