Димитров: Сакаме пријателски односи, но научната сфера не е пазар
Сакаме да имаме најблиски пријателски и добрососедски односи меѓу Бугарија и Северна Македонија и затоа продолжуваме со средбите, со надеж дека македонските исторчари ќе излезат од ровот во кој се вкопани и ќе разговараме како научници, а не како извршители на политички нарачки, изјави денеска бугарскиот копретседавач на заедничката експертска Комисија за историски и образовни прашања, Ангел Димитров во гостување на Бугарската национална телевиизја (БНТ).
Тој вели дека на минатонеделната средба на Комисијата не бил постигнат никаков напредок, бидејќи македонските историчари сакале „да го сведат разговорот на нешто што е далеку од суштинска анализа на работата на Комисијата“ и „да бранат нешто што е неодбранливо“.
„Постојат низа дезинформации за работата на комисијата. Цела серија состаноци досега завршуваа со истиот резултат. Апсолутно нема напредок. Се создава завеса за реалната работа на комисијата“, истакна Димитров. Ние се фокусиравме само на Цар Самоил. Нема повеќе време да зборуваме за Гоце Делчев. Научната сфера не е пазар, работите мора јасно да се диференцираат. Ние не сме извршители на политички наредби, мора да зборуваме како научници“, рече Димитров.
Ѓоргиев и Тодоров: „Историските вистини“ се речник на личности со авторитарни ставови
Македонскиот копретседавач на Комисијата, Драги Ѓоргиев деновиве изјави дека на последните три средби не гледа желба за напредок кај бугарските колеги, што според него, се должи на политичката ситуација во Бугарија.
Ѓоргиев не очекува промена на ставот од Софија, дури и при избор на нова влада на Бугарија, нагласувајќи дека доколку Комисијата се остави да работи настрана од билатералните политички односи, верува дека е можно да се постигне и побрзо решение.