Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Апрель
2021

Новости за 28.04.2021

САД му ја честитаа победата на Рама на изборите

SlobodnaEvropa.mk 

Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс ѝ честиташе на Албанија за изборниот процес на 25 април. Во објавата на социјалните мрежи, Прајс пишува дека САД се надеваат во продолжување на партнерството со премиерот Еди Рама. „САД му честита на народот на Албанија за неодамнешните избори. Искажуваме верба дека ќе го продолжиме блиското партнерство со премиерот Рама и во исто време ја поздравуваме силната кампања на опозицијата. Почитувањето на резултатите од легитимните избори ја зајакнува демократијата во Албанија“, напиша тој. Читать дальше...

Рација во домот на Руди Џулијани во Њујорк

SlobodnaEvropa.mk 

Федералните истражители денеска извршија претрес во домот на Руди Џулијани, личен адвокат на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, соопшти адвокатот на Џулијани, Боб Костело, кој рече дека бил извршен налогот за претрес. Џулијани досега не се огласи во јавноста. Тој претходно оцени дека истрагата е „чист политички прогон“. Трамп негира дека ќе основа нова партија Њујорк тајмс објави дека се запленети електронски уреди. Џулијани, кој е и поранешен градоначалник на Њујорк, неколку... Читать дальше...

Генералниот секретар на ОН се закани дека ќе ги прекине разговорите за Кипар

SlobodnaEvropa.mk 

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш се закани дека ќе се повлече од преговорите за Кипар поради острите разлики меѓу двете страни, јави ДПА, повикувајќи се на извори во владата на кипарските Грци. Извори од страна на кипарските Турци исто така потврдиле за агенцијата дека преговорите се многу тешки. Лидерот на Северен Кипар со предлогот за две држави Гутереш вчера започна неформален состанок за кипарското прашање со учество на кипарскиот претседател Никос Анастасијадис, лидерот на... Читать дальше...



Во Црна Гора е дозволен влез на туристи од Западен Балкан без ПЦР тест

SlobodnaEvropa.mk 

Во пресрет на летната туристичка сезона, црногорската Влада објави дека на државјаните на Македонија, Србија, БиХ, Хрватска, Косово и Албанија ќе им биде дозволен влез во државата без негативен ПЦР тест за ковид-19 и без потврда за вакцинација. Меѓу оние од кои не се бара проверка се и држави од источниот блок – Русија, Белорусија и Украина.

Наследниците на Самсунг ќе платат 11 милијарди долари данок на наследство

SlobodnaEvropa.mk 

Семејството на претседателот на Самсунг електроникс, Ли Кун-хи соопшти дека ќе плати околу 10,8 милијарди американски долари данок на наследство, што е едно од најголемите даночни плаќања во светот. Ли, кој беше најбогатиот човек во Јужна Кореја, почина во октомври 2020 година на 78-годишна возраст, оставајќи им на наследниците имот во вредност од околу 20 милијарди долари.   И Македонија станува дел од „Чиста 5Г мрежа“ Во денешната изјава, јужнокорејскиот електронски гигант соопшти дека исплатата ќе биде на шест рати. Читать дальше...

Курти вели дека Косово нема да го почне дијалогот со Србија наредниот месец

SlobodnaEvropa.mk 

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека нема да присуствува на состанок кој има за цел започнување на дијалог со Србија, кој беше предложен од шефот на европската дипломатија Жозеп Борел за време на разговорите со српскиот претседател Александар Вучиќ во Брисел. Состанокот требаше да се одржи за десетина дена во Брисел. „Нема да бидам тука во Брисел на 11 мај“, изјави Курти денеска во Брисел по разговорите со европските претставници. Еурактив: Вучиќ ги покри критиките од ЕУ во медиумите... Читать дальше...

Уапсениот грчки европратеник во Брисел одбива екстрадиција во Грција

SlobodnaEvropa.mk 

Грчкиот европратеник Јанис Лагос, поранешен член на екстремно десничарската Златна Зора, денеска одби да биде екстрадиран во Грција од Белгија, за да служи 13-годишна затворска казна како висок член на криминална организација, соопшти канцеларијата на обвинителството во Брисел. Тој живееше во Брисел, каде што беше пратеник во Европскиот парламент, откако грчкиот суд во осуди заедно со уште 17 поранешни членови на грчкиот парламент од Златна зора поради водење криминална организација или членување во криминална организација. Читать дальше...

Нови 447 случаи на коронавирус, 30 починати

SlobodnaEvropa.mk 

Во изминатите 24 часа се регистрирани 447 нови случаи на коронавирус во Македонија, а 30 луѓе починаа. Направени биле 3.034 тестирања. Филипче: Следната недела ќе се знаат условите за влез во Грција Најмногу нови случаи 191 се регистрирани во Скопје, а потоа следуваат Куманово со 36, Прилеп 26, Струмица 21, Битола 19, Велес 18, Тетово 17, Гостивар 16, Кочани 15, Неготино 11, Охрид 10, Кичево и Радовиш по 7, Кавадарци 6, Штип, Берово и Виница по 5, Гевгелија, Свети Николе и Валандово по 4, Богданци и Крушево по 3... Читать дальше...



Пендаровски - Во услови на пандемијата ја искусивме важноста на солидарноста во НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

Нашето членство во НАТО се совпадна со избувнувањето на пандемијата и во почетните месеци на оваа глобална криза, македонските граѓани ја искусија важноста на солидарноста во Алијансата, бидејќи добивме вредна поддршка од земјите членки, како и од самата организација, изјави претседателот Стево Пендаровски по средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, заблагодарувајќи се пружената помош во овој период. Тој истакна дека пандемијата е само еден од предизвиците на хоризонтот и земјава како членка на НАТО... Читать дальше...

Мицотакис - Колебањето околу вакцинацијата влијае на високата стапка на смртност

SlobodnaEvropa.mk 

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска ги повика повозрасните Грци да се вакцинираат, оценувајќи дека колебањето околу примањето вакцини е причина за толку високите стапки на смртност и на хоспитализирани од ковид-19. „Податоците кои ги имаме од одделенијата за интензивна нега и интубираните пациенти се јасни – 95 отсто од нив, наши сонародници, не се целосно вакцинирани“, рече Мицотакис. Филипче: Следната недела ќе се знаат условите за влез во Грција Вакцинацијата во Грција е на ниво на тоа во Европа... Читать дальше...

Филипче: Следната недела ќе се знаат условите за влез во Грција

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за здравство Венко Филипче денеска најави дека следната недела ќе има разговори со грчките власти по кои треба да се знае како македонските граѓани ќе може да патуваат во јужниот сосед. Според него, засега останува најавата дека границите ќе се отворат на 14 мај и дека услов да се поминат ќе биде негативен ПЦР тест или потврда за вакцинација. „Тоа беа последните информации. Од тогаш немаме нова информација. Околу 14 мај границите ќе се отворат, а за влез во Грција ќе биде потребно или потврда за вакцинација или негативен ПЦР тест. Читать дальше...

Поврзаност на експлозиите во складишта за муниција во Бугарија и Чешка?

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарските власти започнаа истрага против шестмина руски државјани осомничени за вмешаност во серија експлозии што погодија четири објекти за оружје во земјата помеѓу 2011 и 2020 година. „Од досега собраните докази, со висок степен на сигурност може да се заклучи дека целта на акциите на руските граѓани била да се прекине снабдувањето со специјални производи за Грузија и Украина“, изјави портпаролот на јавното обвинителство, Сика Милева. Таа исто така рече дека постои „разумна претпоставка“ дека... Читать дальше...

Столтенберг: Шпекулациите за прекројување на границите на Балканот не се од помош

SlobodnaEvropa.mk 

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг по средбата со македонскиот претседател, Стево Пендаровски во Брисел изјави дека шпекулациите кои произлегоа од наводните нон-пејпери за прекројување на границите на Западниот Балкан не помагаат за стабилноста. „Не е на мене да коментирам нешто што не сум го видел или прочитал но секоја шпекулација за промена на граници само ќе донесе повеќе неизвесност и нестабилност во регионот, шпекулациите не се од помош“, изјави Столтенберг. Столтенбер воедно... Читать дальше...

Османи со писма до ЕУ за усвојување на преговарачката рамка

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за надворешни работи Бујар Османи испратил писма до повеќе политички центри во рамките на ЕУ со цел Европскиот Совет во јуни да ја материјализира одлуката за почеток на преговорите од март, минатата година, преку усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата Меѓувладина конференција. „Усвојувањето на Преговарачката рамка и свикувањето на првата Меѓувладина конференција со Северна Македонија стана силна симболична точка кон која се вперени сите погледи на нашите граѓани и целиот регион... Читать дальше...

„Метлата“ на Заев во сопствениот двор

SlobodnaEvropa.mk 

До 16 мај за кога е најавен конгресот на СДСМ на кој ќе се избираат партиските функционери и органи се очекува работите да станат појасни. Во меѓувреме останува дилемата- дали Заев расчистува со „старите“ партиски кадри или пак ја спроведува најавената „сериозна реформа на кадровската понуда“.

Русија протерува дипломати од 4 земји

SlobodnaEvropa.mk 

Русија најави протерување на седум дипломати од четири држави во продолжение на дипломатската војна предизвикана од обвинувањата на Чешка дека руски шпиони биле вмешани во смртоносната експлозија на депо за муниција во 2014 година. Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека амбасадорите на четирите европски нации биле известени дека тројца службеници во словачката амбасада во Москва, двајца службеници во амбасадата на Литванија и по еден службеник од амбасадите на Летонија и... Читать дальше...

Муслиу: Повлекувањето на Шекеринска му дава уште поголема моќ на Заев

SlobodnaEvropa.mk 

Пред конгресот на СДСМ кој треба да се одржи на 16 мај се засилија гласините во јавноста за внатрепартиски битки. Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу вели дека ако има такви поделби со скопското крило, најавата на Шекеринска дека нема да се кандидира му дала уште поголема сила на Заев.

Црвенковска нов претседател на Судскиот совет, ќе работи на интегритетот на правосудството

SlobodnaEvropa.mk 

Судскиот совет на денешната седница со 12 гласа од толку присутни членови ја избра Павлина Црвенковска за нов претседател. Црвенковска им порача на судиите да продолжат да работат одговорно, професионално и чесно, притоа да бидат ослободени од секакви притисоци, надворешни влијанија и без страв да судат согласно законските прописи. „Ги охрабрувам судиите кој што и досега си ја вршеа својата работа совесно и чесно, и да знаат дека секогаш во мене имаат сојузник во одбрана на нивниот професионален интегритет. Читать дальше...

Србија доставила уште 13 илјади вакцини „Спутник В“ во С.Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Српската премеирка Ана Брнабиќ денеска изјави дека земјата и донирала дополнителни 13.000 вакцини „Спутник В“ на Северна Македонија. Таа додаде дека Србија досега на земјава и донирала вкупно 48 000 вакцини.  Вакцината, како што наведе, кои биле доставени доцна синоќа се дел од контингентот од 20.000 вакцини од компонентата два, наменети за ревакцинација. Филипче и Лончар ќе договараат стратешко партнерство за „Торлак“ Брнабиќ потсети дека тие 20.000 вакцини биле доставени пред три недели. Читать дальше...


Музыкальные новости
Тимати

Блогер Алена Водонаева заявила, что Тимати нужно похудеть





Персональные новости
ВДНХ

Сергей Трофимов выступит с летним концертом в Зеленом Театре ВДНХ





Над 400 членови на Исламска држава од 14 земји се во затвор во Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

Шефот на авганистанскиот национален директорат за безбедност Ахмад Зија Сарај изјави дека во затворите во Авганистан има 408 припадници на Исламската држава од 14 земји. Тој посочи и дека во тек се разговори со земјите за изнаоѓање решение без да прецизира што тоа значи. Зија Сарај ја повика меѓународната заедница да не го остава Авганистан сам во борбата против тероризмот. Според него, огромното мнозинство на членови на Исламската држава, односно 299 од 408 лица се од Пакистан. Втор најголем број... Читать дальше...

Народниот правобранител постапувал по 2931 претставка од граѓаните

SlobodnaEvropa.mk 

Народниот правобранител во 2020 година постапувал по 2.931 претставка, од кои 2.448 биле примени во тековната година, а 483 пренесени од претходната година. Овие податоци се наведени во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2020 година, што го презентираше денеска Народниот правобранител Насер Зибери. „Овој релативно мал број на претставки – само за споредба, во 2019 година Народниот правобранител постапуваше по 4.705 претставки ... Читать дальше...

Сојузот на средношколци не повикал на бојкот, МОН апелира да се следи настава

SlobodnaEvropa.mk 

Сојузот на средношколци демантира дека е организатор на бојкот на наставата поради дигитализацијата на учебниците и дека тоа се лажни вести со кои  одредени групи  манипулираат со јавноста. „Сојузот никогаш не организирал ниту, пак, повикал на бојкот поради дигитализацијата на учебниците. Нема потреба од такви појави. Дигитализацијата на учебниците се однесува  само на четврто одделение, кои ќе бидат дигитални од септември, а многу години ќе поминат додека отпочне процесот на дигитализирањето на наставните материјали во средното образование“... Читать дальше...

Николовски: Пауновски е разрешен согласно законот и етичкиот кодекс

SlobodnaEvropa.mk 

Вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски денеска изјави дека разрешувањето на директорот на Државниот пазарен испекторат, Стојко Пауновски е согласно законот и Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции. Тој порача дека во следните денови ќе се назначи в.д. директор на Државниот пазарен инспекторат со цел негово непречено функционирање и дејствување. Засега, според него, се уште нема одлука кој ќе дојде на местото на Пауновски. „Во наредните... Читать дальше...

„Црно и бело“ на Ана Трајковска - крај на една и почеток на друга уметничка приказна

SlobodnaEvropa.mk 

„Црно и бело“ е насловена поставката на академската графичарка Ана Трајковска, што од 29 април до 12 мај годинава, ќе се одржи во Изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово. Се работи за нејзин магистерски труд составен од принтови на најлон изведени во големи формати.

ССМ бара Ковид-19 да се признае како професионално заболување

SlobodnaEvropa.mk 

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа побара Ковид -19 да се признае како професионално заболување за сите работници. Од ССМ бараат и на вработените кои ќе отсуствуваат од работа поради Ковид-19 да им бидат исплатена целосна плата. „Последиците од пандемијата можат да бидат катастрофални. Апелираме на заедничко, брзо делување на сите релевантни чинители затоа што од сите нас, без исклучок, зависи дали во периодот кој ни претстои ќе... Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

В Москве завершился Кубок России по спортивному программированию


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
WTA

Потапова проиграла Фернандес во втором круге турнира WTA в Мадриде


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Zoomlion продемонстрировала последние достижения на выставке INTERMAT





Путин в России и мире
Москва

Путин поручил сократить время движения поездов от Москвы до курортов Черноморского побережья до 16 часов


Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире

Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Сергей Трофимов

Сергей Трофимов выступит с летним концертом в Зеленом Театре ВДНХ



Москва

Пассажир авиарейса из Москвы в Барнаул устроил на борту дебош и был задержан

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net