Вучиќ најави брза пруга кон Македонија
Српскиот претседател Александар Вучиќ најави изградба на пруга со висока брзина која треба да го поврзе Белград со Северна Македонија, но и со Турција. Според него, поддршка за проектот најавила и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.
„Ова ќе ги смени целосно работите, ќе создаде можности за луѓето и подобар превоз“, изјави Вучиќ, објаснувајќи дека проектот ќе ја подобри поврзаноста на регионот од Виена па се до Истанбул, Атина и Софија.
Проектот, како што наведе, ќе ги зголеми странските директни инвестиции во регионот за наредните десет години. За изградбата на пругата Вучиќ порача дека ќе може да смета на грантови од ЕУ во износ што ќе може да достигне 35 отсто најмалку, бидејќи проектот ќе се вклопи во Зелената агенда на ЕУ за западен Балкан.