Собранието не ја прифати интерпелацијата за министерот Спасовски
Пратениците не ја изгласаа интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски поднесена од партиите Алијанса за Албанците и Алтернатива. Против интерпелацијата гласаа 60 пратеници, за гласаа 10, а немаше воздржани.
Спасовски во врска со интерпелацијата рече дека таа претставува реален приказ на изместениот систем на вредности на опозицијата. Спасовски, на почетокот на своето обраќање пред пратениците оцени дека интерпелацијата е чудна бидејќи се однесува на настаните поврзани со ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков кој е во затвор.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ претходно ја напушти седница и најави интерпелација за спикерот Талат Џафери.
Интерпелација на Спасовски без пратениците на ВМРО-ДПМНЕ
Интерпелацијата за Спасовски беше поднесена во февруари, ден откако поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков исчезна, па се појави сам пред обвинителството. Во образложението на интерпелацијата Алијанса за Албанците и Алтернатива напишаа дека такво бегство не може да се случи без помош на некој од власта, а дека најодговорен за тоа е Спасовски.