МВР- 36 луѓе го прекршиле полицискиот час, 434 не носеле маска
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека од 20:00 часот синоќа до 05:00 часот утрово 36 лица не ја почитувале забраната за движење, додека во изминатото деноноќие, 09/10.04.2021, на територијата на државата за неносење заштита на лице се регистрирани 434 прекршоци. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за спречување на ширењето на Ковид19.