Нови 1302 случаи и рекордни 51 починато лице од ковид-19
Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 4.438 тестирања, а регистрирани се 1.302 нови случаи на ковид-19. Регистрирани се 626 оздравени пациенти, а починати 51.
Најмногу починати има во Скопје каде 20 лица ја загубиле битката со болеста. Нивната возраст се движи од 47 до 87 години. Потоа следат Прилеп и Струмица со 5 починати пациенти, по 3 починати од Куманово, Кочани и по двајца од Тетово, Кавадарци и Охрид, како и по 1 починат пациент од Битола, Неготино, Гевегелија, Радовиш, Делчево, Виница и Валандово. Најмладата жртва на ковид-19 на 32 годишна возраст е регистрирана во Куманово. Педесет пациенти се починати во болнички услови, а еден пациент е починат дома.
Филипче: Немаме правен механизам да им наложиме пониски цени на приватните болници
Досега во земјата се направени вкупно 651.997 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 137.728, бројката на оздравени пациенти е 111.765, на починати е 4.072, а бројот на активни случаи изнесува 21.891.