Филипче: Немаме правен механизам да им наложиме пониски цени на приватните болници
Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска изјави дека „државата нема формално-правен механизам да им наложи на приватните болници да ги намалат цените“. Ова тој го кажа како одговор на новинарско прашање во врска со јавните критики за „многу високите цени во приватните болници за лекување од ковид-19“.
Филипче додаде дека со директорите на три приватни клиники веќе е разговарано, но само од една добил одговор дека ќе се обидат да извршат намалување на цената за одреден процент.
Пандемија - ќе станат ли приватните болници достапни и за оние со потенок џеб?
Д-р Савевски: Во криза не е во ред приватно да се лекува само кој може да плати
„Иако апелирав тоа да се направи заради тоа што е криза и пандемија, доктор Жан Митрев изрази спремност и рече дека денеска ќе потврди дали ќе ги намали цените за одреден процент, а од Систина јасно ми кажаа дека тоа не можат да го направат заради тоа што немале економска логика“, изјави Филипче.